Прилепско мераклиско МАКАЛО со лути пиперки, ореви и лукче

Фото и рецепт: Биљана Николовски

Потребни состојки:

10-15 Лути пиперки или мешани

50 г Ореви

1 главица Лук (или по желба)

Постапка:

Испечете пиперки по желба, можете и да и ги измешате со нелути во зависност од тоа колку луто сакате да биде макалото. Откако ќе остојат малку во најлон ќеса, излупете ги и исчистете ги од  семките.

Оревите ставете ги во сад за толчење заедно со лукчињата. Откако ќе ги истолчите, додадете ги и пиперките, па и нив малку истолчете ги.

Додадете масло, киселина и сол по вкус. На крај се попарува со врела вода.

Претходна статијаКиви: против холестерол, мозочен удар, рак, болести на дишни патишта…
Следна статијаПита со месо за вечера или појадок, се јаде кога надвор е ладно