Фактот дека според количината на диетални влакна, го остава јаболкото зад себе,  а според количината на витамин Ц-портокалот, а во категоријата на овошје богато со калиум, кивито (актинидија) самоуверено ја престигнува дури и бананата!

Консумирањето на само две кивија секојдневно во текот на сезоните, не чува од болести на срцето и крвниот систем, од мозочен удар, рак и болести на дишните патишта- истакнуваат експертите за здрава храна.

Ова овошје прекриено со влакненца на својата кафеава кора, со вкусен и сочен зелен плод, експертите често го препорачуваат во текот на зимските месеци бидејќи станува збор за вистинска витаминска бомба, особено кога станува збор за витаминот Ц ( содржи двапати повеќе од портокалот!)

Како што веќе споменавме, единствената мешавина од фитонутриенти, витамини и минерали во ова ароматично овошје, го прави одличен сојузник во борбата против болести на срцето, значително го намалува ризикот од мозочен удар, карцином, болести на дишните органи, и делува како „аспирин“ поради неговото својство да ја разредува крвта без никакви несакани последици.

Актинидијата исто така го намалува нивото на „лошиот“ ЛДЛ холестерол во крвта и го намалува високиот крвен притисок.

Резултатите од бројни истражувања покажуваат дека ова овошје не само што го намалува нивото на т.н. оксидативен стрес и оштетувањата на ДНК, туку воедно и ги поттикнува оштетените клетки на регенерација.

Кивито е неизбежна состојка на речиси сите програми за исхрана на заболени од карцином, болести на срцето, а се користи и во кинеската традиционална медицина за забрзување на процесот за излекување.

Според зборовите на експертите, едно до две киви дневно, во текот на сезоните е идеална количина која ќе му помогне на имунолошкиот систем на организмот успешно да се спотивстави на вирусите и бактериите.

Корисните сотојки од кивито најдобро ќе бидат искористени доколку консумираме свеж плод и тоа веднаш наутро- на гладно.

Кивито во себе содржи ензими кои плодот го прават помек, а се активираат истиот момент кога ќе го исечеме или излупиме. Поради тоа се препорачува, доколку правите овошна салата, сечењето на кивито да го оставите последно, за крај.

Силата на антиоксидансите растат со зрелоста на плодот, па затоа е најдобро да се јадат исклучиво созреани плодови кои се меки на допир. За да ги дозреете, најдобро е меѓу кивијата да ставите едно јаболко.