Пита со месо за вечера или појадок, се јаде кога надвор е ладно

Фото и рецепт: Вера Богева

Потребни состојки:

1 квасец

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

1 лажица масло

Млака вода

Брашно по потреба

Постапка:

Сите состојки се мешаат, брашното не го мерам, ставам отприлика.

Откога ќе се измеси тестото се остава покриено, на топло место да кисне.

Се премесува и повторно се остава да кисне.

Третиот пат се дели на два дела и секој се става во тава бр.36, се растегнува тестото и се реди свинско месо кое претходно било исечкано на поситно и насолено, па се остава да кисне.

Се става во загреана рерна и се пече на 200-250 степени околу 25 минути, во зависност од рерната.

При крај се вади и се прелива со четири изматени јајца, па се враќа да се допече.

Кога е готово се вади од рерна, се покрива со крпа и одозгора пластична кеса.

За двете тави ќе ви биде потребно околу 600 г месо.

Loading...