Пробајте го овој едноставен рецепт за прелиена пита со сирење од готови кори, ќе се изненадите од леснотијата со која се приготвува, а притоа ќе добиете совршен вкус. Оваа пита може да ја приготвите за појадок или вечера, но и како закуска или предјадење. Сите ќе бидат воодушевени од нејзината сочност. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори за пита, 500 г крем сирење (урда, или ситно сирење помешано со кисела павлака за да може да се мачка, но може и фил по ваш избор).

ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ НА КОРИТЕ: 50 мл масло и 50 мл газирана вода. ЗА ПРЕЛИВ: 3 јајца, малку сол по вкус, 250 мл млеко, 2 супени лажици кисела павлака и 1 мала лажичка прашок за печиво




ПОСТАПКА: Во една чаша измешајте во еднаков однос масло и газирана вода, а за оваа колична доволни се само 100 мл (по 50 мл од двете состојки), бидејќи питата со залева со специјален прелив, а оваа течност е потребна само за малку да се омекнат корите пред нивното виткање.




На работната површина отворете една кора и со кујнска, силиконска четка премачкјате ја со мешавината од вода и масло, преку целата површина. Преклопете ја со втора кора, па и неа убаво премачкјате ја.




Потоа, покрај ивицата од едната страна нанесете фил (доволни се околу две супени лажици), премачкјате добро, па внимателно свиткајте во ролат. Вака приготвениот ролат ставете го во плех претходно малку намастен и обложен со хартија за печење.




Постапката повторете ја со сите останати кори, односно додека да ви се потроши материјалот и да го исполните плехот. Потоа преминете на приготвување на преливот: во подлабок сад скршете три јајца, посолете и изматете ги со жица-маталка.




Додајте две супени лажици кисела павлака, па продолжете со матење додека да се разбие павлаката и да се изедначи смесата, да нема грутчиња. Потоа додајте го млекото, промешајте и на крај додајте половина кесичка прашок за печиво (една мала лажичка, 5 г).




Со овој прелив рамномерно залијте ја целата пита. Потоа покријте ја со алуминиумска или проѕирна-стреч фолија и оставете ја настрана да одмора половина час за да ја впие течноста.

По изминатото време исечете ја на парчиња и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.