Фото и рецепт: Милица

Овие превкусни бомбици задолжително ги правам за слава, бидејќи заслужено се едни од најдобрите ситни колачи. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 г суви смокви
250 г шеќер во прав
рендана кора од 2 портокали

за валање:

2-3 реда рендано посно чоколадо или
малку шеќер кристал

Постапка:

Портокалите потопете ги во ладна вода со една лажица моркса сол и една лажица сода бикарбона. Оставете ги така да отстојат половина час, а потоа измијте ги под млаз студена вода.

Сувите смокви се малку потешки за мелење во блендер, па најдобро е да ги сомелите во машина за мелење месо (според сугестија на наша читателка, при мелењето треба да се додадат малку лебни трошки за да се спречи лепењето на ножевите).

Кога ќе ги сомелите или изблендирате, додајте шеќер во прав и рендана кора од портокал.

Убаво измесете за да добиете изедначена смеса- тесто. Од тестото вадете топчиња и валајте ги во рендано чоколадо/какао/чоколадо во прав или ситна шеќер кристал или пак, прелијте ги со топено чоколадо или карамел од шеќер.

Изладете ги пред послужување иако може и веднаш да се сервираат. Редете ги во хартиени корпички.

Коментар на Спасена Пиперкоска:

„Во рецептот, сувите смокви сомелете ги во машина за мелење месо, притоа, додавајќи по малку лебни трошки (презла) за да се мелат полесно.”

Фото и рецепт: Милица