Дали сте од оние луѓе кои имаат навика во текот на ноќта да ја оставаат вратата отворена од својата спална соба?

Многумина ја оставаат вратата отворена, а причините се бројни, од тоа подобро да ги слушнат децата од другата соба, па до тоа температурата да биде рамномерно распоредена.

Речиси 60% од луѓето сметаат дека така е поедноставно, и никогаш не размислувале премногу околу ова.

Меѓутоа, отворената врата или затворената врата ос спалната соба може да одлучат за живот или смрт!

FSRI, Институт за истражување на сигурноста, спровеле едно големо истражување во Америка, а резултатите покажале дека повеќето луѓе веруваат дека е побезбедно да спијат со отворена врата.

Меѓутоа, вистината е целосно поинаква! Имено, кога вратата е затворена се успорува ширењето на пламенот во случај на пожар, се намалува отровниот дим, се подобрува нивото на кислород во просторијата и се намалува температурата.

Само неколку минути за бегство од пожар

Во големата кампања во Америка, сигурносната организација во соработка со пожарникарите спровеле кампања за предупредување во врска со вратата од спалната:

Затворената врата од спалната може да има одлучувачка улога во спасувањето на човечките животи.

Исто така, советуваат дека вратата од детската соба треба да биде затворена. Она што повеќето родители сакаат да го одбегнат – всушност е многу важно.