Јафа топчиња без печење и без трошка масти – брзи, лесни и со неодолив вкус!

Потребни состојки:

300 г бисквити со вкус на какао
150 мл сок од портокал
1 ванилин шеќер
2 големи лажици џем од портокал или кајсија
1 ребро чоколадо за готвење
1 портокал – рендана кора
1 лажица мед

Постапка:

Бисквитите сомелете ги или добро иситнете ги, прелијте ги со сокот, измешајте, додадете мед, џем, ванилин шеќер и растопено чоколадо. На крај изрендајте малку кора од портокал.

Убаво измесете ја содржината за да се поврзат состојките.

Најдобро се соединува ако се меси со раце. Ставете ја смесата во фрижидер околу 30 минути а потоа обликувајте топчиња или облици по ваша желба.

Доколку смесата ви се чини мека, слободно додадете уште малку мелени бисквити.

Топчињата валкајте ги во мелени бисквити или по желба.

Смесата можете да ја ставите во фолија и во калап, па подоцна да сечете.

Може да користите и друг вид на бисквити и да додадете 1-2 лажици какао, но бисквитите со какао имаат преубав вкус, темни се и даваат некој префинет вкус. Чоколадо и шеќер можете да ставите повеќе, по вкус.