Празничната салата со риба и компири ќе стане незаменлив дел од вашата посна празнична трпеза. Сите кои претходно ја пробале салатата со риба и компири по рецептот на Валентина Машковиќ, се согласиле со мислењето дека е една од најубавите!

Поради својот неодолив вкус, таа е омилен дел од мезето и прва се изедува, а освен тоа е и многу здрава! Може да се приготви и како засебен оброк во деновите на пост…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг компири
600 г риба – ослич сварен на пареа
200 – 300 г праз
5-6 кисели краставички
1 лимон, сок
1-2 лажици сенф
2-3 лажици ајвар (или посен мајонез)
малку маслиново масло, сол, црн пипер,
1 китка магдонос ситно сечкан

ПОСТАПКА:

Компирите исчистете ги и исечкајте ги на крупни коцки, па сварете ги во посолена вода. Потоа исцедете ги од водата и оставете да се оладат. Згответе ја рибата и извадете ги коските.

Следно, иситнете го празот, залијте го со сок од лимон, додајте ситно сечкани краставички и магдонос, а потоа додајте ајвар, сенф и зачини.

Во подлабок сад измешајте: сварени компири, исчистена и иситнета риба, празот измешан со зачините и краставичките.

Добро промешајте и сервирајте во посебни чинии. Декорирајте по желба. Послужете и уживајте во вкусот. Деталите од презентацијата на Валентина погледнете ги ОВДЕ.