Оваа салата со тестенини и печурки брзо се приготвува, многу е едноставна, а одлична е како додаток на посната славска трпеза, одговара со секакво печење или риба. Обично се приготвува за разни слави заедно со руска салата и туршија.

ПРВ РЕЦЕПТ




Во продолжение може да прочитате 2 рецепти кои нема да ви одземат повеќе од 30-тина минути. Салатите може веднаш да ги послужите или да ги ставите во фрижидер да се стегнат, така се повкусни. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2/3 праз, 200 г шампињони, 3/4 лажичка сол, 1/3 лажичка сув зачин, 200 г макарони, 300 г посен мајонез, 1/2 лажичка оригано, малку црн пипер, сол по вкус.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 600 г свежи шампињони, 200 г пченка, 6 лажици масло, 1 лажица сув зачин, 400 г кисела павлака, 200 г посен мајонез, 1 лажичка мирудија, 1 лажичка магдонос (сув или свеж).




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Сварете ги макароните во зовриена вода со 1/2 лажичка сол. Варете ги според упатството на кесичката, отприлика 6-7 минути. Може да користите помали макарони или средни.




На средна температура во 2-3 лажици масло се динста ситно сечканиот праз. Додека празот се динста, исчистете ги печурките и исечете ги на помали парчиња. По околу 10 минути динстање на празот, додајте ги печурките, 1/4 лажичка сол, сувите зачини, ориганото, црниот пипер и динстајте уште 10-15 минути додека да испари водата што ќе ја испуштат печурките.




Во исцедените макарони додајте ги шампињоните, измешајте и оставете поклопено да се излади целосно (1 час). Протресете го тенџерето на секои 15 минути за да се соединат макароните со филот. Ова ќе ги спречи да се држат заедно и да се залепат.




Ако го правите тоа со лажица, постои шанса макароните малку да се направати кашести. Во изладените макарони додајте го мајонезот и нежно измешајте за да биде рамномерно распореден, па префрлете го во садот во кој ќе ја послужите салатата.




ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Исечкајте ги печурките на листови, додајте масло и зачини па пропржете ги на оган. Печурките ќе испуштат течност штом се загреат, па затоа нема потреба да се додава вода. Динстајте ги додека да испари течноста, а печурките малку да се пропржат на масло. Тоа трае околу 10-15 минути.

За тоа време во друг сад ставете пченка да се готви. Печурките оставете ги да изладат, почекајте пченката да се свари, па исплакнете ја со ладна вода, па и неа оставете ја да излади и да се процеди.

За тоа време промешајте павлака, мајонез, сув зачин и магдонос. Во печурките и пченката додајте павлака и мајонез и сето соединете го со лажица. Оставете да излади во фрижидер, а пред послужување извадете ја салатата 10-тина минути на собна температура. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.