ПОСНА МИМОЗА САЛАТА СО ТУНА: Задолжителна за Свети Никола, но и за секој ден…одличен вкус!За сите оние што имаат посна слава овој рецепт е одличен, зашто сите се воодушевени кога ќе ја пробаат и бараат рецепт.

Мимоза е една од моите омилени салати. Стои „раме до раме“ со другите салати, како што се онаа со макароните, салатата со печурки, pycката салата…сите ги обожавам.

Оваа посна верзија на прочуената „мимоза“ салата особено ме воодушеви, бидејќи кога за првпат ја направив, не очекував таков резултат. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 г посен мајонез
2 моркови
2 помали компири
7-8 кисели краставички
5 лажици пченка во зрно од конзерва
160 г туна конзерва во парче
1 лажичка сол
2 лажици пржен сусам

ПОСТАПКА:

Измијте ги и излупете ги морковите и компирите, па ставете ги во вода со лажичка сол да се варат околу половина час.

Сварениот зеленчук исцедете го од водата и оставете го да се излади околу 15 минути.

На дното од садот ставете малку мајонез, а потоа изрендајте го морковот во слој од 1 сантиметар, па премачкајте го со мајонез.

Секој слој мајонез можете да го посипете со малку сусам. Следниот слој е пченка, па повторно мајонез и сусам.

За следниот слој избрав кисели краставички. Ги изрендав на ситно ренде, со рака исцедив малку од водата и ги додадов во салатата. Премачкајте со мајонез и посипете со сусам.

Туната во парче добро исцедете ја од маслото, растурете ја со виљушка, па додајте ја во салатата, натапкајте ја и премачкајте ја со мајонез. Посипете со сусам.

Како последен слој ставете ситно изрендан компир. Изрендајте го директно врз салатата, бидејќи ако го пренесувате од друг сад, ќе ви се испозалепи.

Можете да го израмните малку со виљушка и да го посипете со сусам. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.