После оваа пита може да заборавите на премасниот бурек…

Најлесен начин за подготовка на домашна пита. После оваа пита можете да заборавите на мрсниот бурек. Со многу малку состојки ќе добиете прекрасна пита со сирење и спанаќ, а може да се збогати и со месо, секако, како што сакате.

Брзо и лесно и семејството ќе биде воодушевено. Секако, ваква пита не можете да најдете во ниту една пекарница. Домашни развлечени кори на наједноставен начин.

Далеку повкусно и поздраво од печивата полни со адитиви од пекарницата.
Топла препорака од вашата Аурора…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:

• 600 г брашно
• 20 мл масло
• 1 лажичка сол
• 450 мл млака вода

За фил:

• 300 г свеж сечкан спанаќ
• 350 г сирење
• 6 јајца

Печете на 200°C (390°F) 30 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: