Не го пропуштајте овој рецепт кој буквално се подготвува за 20 минути. Многу брзо и лесно. Питата е полнета со сирење, но филот може да го одредите и по желба. Обично во рецептите со готови кори за преливот се користи газирана вода и прашок за печиво, но ова не е случај со овој рецепт. Во продолжение може да прочитате уште еден бонус рецепт за пита со сирење. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 500 г ситно сирење по ваш избор, 150 г фета, 1 јајце, сол по потреба, 4 лажици масло, 500 г тенки готови кори. За преливот: 150 мл масло, 150 мл млеко. За премачкување: остатокот од сирењето, малку млеко и масло.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 500 г дробено сирење, 2 јајца, сол по вкус, 50 мл масло, 180 г кисела павлака, 200 мл газирана вода и 300 г готови кори.

втор рецепт

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Корите треба да бидат многу тенки, да не се дебелки, за целосно да се натопат во преливот и да бидат полни со фил. Во подлабок сад за матење скршете ставете го сирењето и испасирајте го со виљушка. Дегустирајте го сирењето и по потреба посолете.

Додајте ја фетата, измешајте ја во другото сирење, па додајте едно јајце и убаво изматете со помош на жица-маталка или виљушка. Потоа додајте 4 лажици масло и повторно соединете. Најчесто во овие пити се додава и газирана вода и прашок за печиво, но во овој рецепт не е потребно.

Добро соединете ги состојките за да добиете изедначена смеса која може лесно да се премачкува. Потоа отворете ги корите и пребројте ги. Потребно е да имате парен број на кори. За секоја питичка се користат по две кори. Подгответе си еден плех така што ќе го намастите на дното и малку ќе го набрашните. Вишокот брашно истресете го.

Отворете една кора и внимателно пренесете ја на рамна површина. Премачкајте ја со неколку лажици од подготвениот прелив. Потоа земете уште една кора, ставете ја врз првата, премачкајте со преливот па на подолгата страна филувајте со филот во еден ред.

Од онаа страна каде што сте го ставиле филот, започнете да ја виткате кората во ролат, кој ќе го пренесете во плехот. На овој начин подгответе ги и останатите кори, така што ќе ги наредите збиени во плехот. Обично излегуваат 9 ролати.

Вака подготвените ролати исечете ги на помали парчиња. Одозгора премачкајте ги со преостанатиот фил од сирење кој е потребно да го измешате со малку млеко и масло за да се разреди и да може да се прелие. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека убаво да зарумени. Кога е печена, извадете ја и по неколку минути можете да ја послужите. Деталите за рецептот погледнете ги ОВДЕ, а во продолжение прочитајте ја постапката за вториот рецепт:

втор рецепт

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во поголем сад ставете го претходно издробеното сирење. Додајте две јајца, сол по вкус, 50 мл масло, 180 г (една чаша) кисела павлака и 200 мл газирана вода. Промешајте ја смесата за убаво да се изедначат состојките. Во добиената смеса искршете 300 г готови кори.

Корите кинете ги со раце. Промешајте убаво да се натопат корите и да дојде до изедначување на состојките. Плех со средна величина (25х18 см) намастете го со путер, па излејте ја во него приготвената смеса. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 45 минути, додека одозгора да фати убава коричка.

Печената гибаница оставете ја малку да подизлади, а потоа сечете ја и послужете ја со јогурт, кисело млеко, а убава е и така. Деталите со постапката од приготвувањето можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.