Кога родителот дознал што правел син му на училиште, таткото смислил соодветна педагошка казна: Сега сите му аплаудираат за стореното. Многумина се прашуваат: „Која е правилната реакција кога наставникот ќе ви каже дека вашето дете ги малтретира другите деца на училиште?“

Повеќето од нас го принудуваат своето дете јавно да се извини, но тоа не беше потегот и на овој самохран татко Патрик Форсет кога од учителот преку електронска пошта дознал дека неговиот деветгодишен син Линколн се шегувал со друг соочученик и на тој начин го „малтретирал“ момчето на училиште.

Овој самохран татко тогаш решил на следниот начин да го „казни“ својот син. Прво седнал и долго разговарал со момчето за инцидентот и притоа му објаснил дека тоа што го прави не е во ред, а потоа рекол дека ќе смисли како да ја поправи ситуацијата и на кој начин ќе му се извини на пријателот.

„Не барав од него да се извини класично ниту на детето ниту на класниот, но му објаснив дека има уште време да ја поправи грешката што ја направил. Не можеме да го вратиме времето назад, но секогаш можеме да се обидеме да ги поправиме работите и да побараме прошка“, објасни тој во видеото кое има над 800.000 прегледи.

Тогаш неговиот син го послушал и направил токму како што го советувал таткото: отишол кај момчето кое вербално го малтретирал и чијшто емоции ги повредил, па го прашал дали има нешто што му се допаѓа, а кога дознал дека тоа е Покемон, решил да му даде две од неговите златни картички од Покемон кои со внимание ги чувал.

Кога се вратил од училиште, му соопштил на татка си дека му ги дал картичките на другарчето, а тоа со радост ги примило и навистина го ценел направениот гест. Форсет признава дека е далеку од совршен родител, но на овој начин сакал да им укаже и на другите родители за важноста од разговорот со своите деца.

„Ајде да се обидеме да го избегнеме „ударот по з адникот“ и да ги испратиме во својата соба. Тоа нема да ги научи на ништо. Она што ќе ги научи е разговорот преку кој ќе сфатат како треба да ги решаваат проблемите и да не ги повторуваат грешките“.

„Токму тоа е она со што тие подоцна ќе се соочат во реалниот свет кога ќе созреат и ќе станат возрасни луѓе.„ Алисон Кенеди како училишен психолог објасни дека родителите треба активно да ги учат своите деца како да ги решаваат проблемите, што пак може да им помогне на односите што ќе ги развиваат во иднина.

„Само искрен разговор дава резултати. Така ги учиме нашите деца како да ги решаваат проблемите и да ги поправаат грешките“, додаде тато Патрик, чија идеја ги воодушеви коментаторите на социјалните мрежи.