Home пита Пита со готови кори која за 5 минути се прави…Брз појадок или...

Пита со готови кори која за 5 минути се прави…Брз појадок или вечера, не знаете колку е вкусна…

Пита со готови кори која за 5 минути се прави…Брз појадок или вечера, не знаете колку е вкусна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 големи фило кори или 9 обични +-
1/2 чаша масло
3/4 чаша газирана вода
сол, црн пипер, сува билка по вкус

За полевање:
1 големо јајце или 2 помали
150 мл млеко
зачин по вкус
150 г рендан кашкавал

ПОСТАПКА:

1.Кората соберете ја како лепеза или хармонија, па свиткајте ја како полжав и ставете ја во центарот на ннамастена тркалезна тепсија. Следната кора на ист начин надоврзете ја на претходната.

<

2.Постапката продолжете ја додека да се исполни целата тепсија.

Одозгора премачкјате ја со со мешавина од масло и вода, добро да се натопи, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 10-15 минути.

3.За тоа време измешајте го млекото со јајцето. Извадете ја питата од рерна и целата посипете ја со рендан кашкавал.

Одозгора залијте го преливот од млеко и јајца и вратете да се допече 30-35 минути.

Питата е многу вкусна, крцкава како бурек..Можете веднаш да ја послужите со чаша јогурт или кисело млеко. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.facebook.com/share/r/14y1F43diw/?mibextid=UalRPS