ПИТА-БУРЕК СО ГОТОВИ КОРИ: Толку вкусна што еве пак ја правам…Брзо и лесно! Со само 4 големи фило-кори исполнив цела тепсија. Ако не можете да најдете вакви свежи големи кори, тогаш користете какви имате.

Ако вашите кори се многу тенки, тогаш користете по две или три кори една врз друга, а секоја премачкувајте ја со малку маснотија. За да добиете голема кора, наредете ги една до друга и малку да се преклопуваат на едниот крај. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (мала чајна чаша од 125 мл, чаша од 200 мл):
4 готови фило-кори (околу 500 г)

За фил (може и по сопствен избор):
300 г мелено месо
4 компири (300 г)
1/4 чајна чаша масло (75 мл)
1 лажичка сол
1 лажичка чили пиперка
1 лажичка црвен пипер во прав
1 лажичка црн пипер
1 главица кромид

За прелив:
1 чаша мерка масло
2 супени лажици скроб
2 лажици брашно
2 супени лажици оцет

За премачкување:
1 јајце
преостанатиот прелив

ПОСТАПКА:

За фил: пропжете го меленото месо додека да ја промени бојата. Потоа додајте ситно сечкан кромид и масло по потреба, па продолжете со динстање.

Кога кромидот ќе омекне, додајте ги ренданите компири, солта и зачините и продолжете со динстање на тивок оган.

Кога филот е готов, оставете го настрана да се излади. За преливот едноставно измешајте масло, скроб, брашно и оцет додека да добиете мазна конзистентност.

ФИЛУВАЊЕ: Ако користите голема-фило кора, тогаш отворете ја на работна површина и преполовете ја надолжно. Преку цела површина премачкјате со преливот, а по должина распоредете фил. Внимателно свиткајте во ролат.

 

Ролатот свиткајте го како полжав, спирално, и поставете го во средината на тепсијата обложена со хартија за печење.

Останатите ролати надоврзете ги на претходната додека да се исполни целата тепсија.

Во преостанатиот прелив скршете 1 јајце и премачкјате ја питата одозгора. Печете во загреана рерна на 180 степени, 35 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.