Ова е една вкусна и богата оброк салата за која сите ќе ви бараат рецепт. Се прави многу брзо, а ќе ви бидат потребни само малку состојки.

Потребни состојки:

180 г бело пилешко месо
2 кисели, пеглани пиперки (од зимница)
3-4 корнишони
80 г тврдо сирење
200 г макарони
сол, црн пипер по вкус
мајонез (или тартар мајонезен сос)

За декорација: 1 јајце, 2 зрна црн пипер, малку шунка, корнишони, копар

Постапка:

Пилешкото месо сварете го и ситно исечкајте го. Филетите од кисели пиперки, исто така, ситно исечкајте ги на коцки. Корнишоните исечкајте ги ситно, а сирењето изрендајте го. Тестенините сварете ги според упатството.

Сите состојки измешајте ги во еден длабок сад. Посолете со една лажичка сол или по вкус. Додадете 3-4 лажици мајонез или тартар мајонезен сос кој одлично одговара за оваа мешавина. Свежо сомелете црн пипер по вкус.

Промешајте за да се изедначат состојките. Салатата префрлете ја во сад за сервирање и израмнете. Одозгора наросете рендано сирење или кашкавал.

За декорација сварете едно јајце за да направите прасенце. Од шунката исечете тркалце за носот и залепете го со малку мајонез, а за ушите исечете триаголничиња и мала лентичка за опавчето.

Двете зрна бибер се за очите на прасенцето. Декорацијата завршете ја со мирудија и сечкани корнишони. Целата постапка можете да ја видите во видеото: