Брзо се приготвува, превкусен е а исто така и декоративен. Пробајте го овој петминутен колач со јагоди.

Потребни состојки:

450 г јагоди
160 г шеќер
150 г брашно
3 јајца

Постапка:

Јајцата не мора да ги делите на белки и жолчки, туку пенасто изматете ги со 160 г шеќер. Миксајте околу 2 минути додека да добиете убав мазен крем.

По кремот од јајца полека со лажица додадете просеано брашно (150 г) и убаво промешајте за да се изедначи.

На крај додадете 450 г свежи јагоди исечкани на ситни парчиња. Колку поситно ги исечете, толку колачот ќе ви биде поубав, а јас можеби оставив и преголеми парчиња.

Смесата излејте ја во намастен калап за торти (со путер) и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени.

Првите 5 минути печете на 200 степени, а потоа намалете ја температурата на 175 степени и печете уште половина час или додека колачот не е готов (проверете со чепкалка).

Печениот колач извадете го малку да се излади, а потоа можете да го сечете, да го наросите со шеќер во прав или да го декорирате со шлаг, но и така ако го оставите е преубав.

Kuharica.kontin.info