Home пита ПАУН ГИБАНИЦА: Најубава е онаа наједноставната и најлесната за подготовка – рецепт...

ПАУН ГИБАНИЦА: Најубава е онаа наједноставната и најлесната за подготовка – рецепт за почетници

гибаница

ПАУН ГИБАНИЦА: Најубава е онаа наједноставната и најлесната за подготовка – рецепт за почетници…ќе уживате во секој залак.

Послужете ја со чаша јогурт, ќе се уверите дека нема поубава од оваа гибаница. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори, 3 јајца, 300 г сирење, 1/2 кесичка прашок за печиво, 70-100 мл маслиново масло, 200 мл јогурт, 100 мл газирана вода, 3-4 грста ситно сирење. За прелив: 100 мл млеко, малку масло, 1 јајце

ПОСТАПКА: Изронете го сирењето, додајте јајца, јогурт, газирана вода, масло и прашок за печиво и сè измешајте. Калап 30×20 см , а може и поголема димензија, обложете со хартија за печење.

На дното раширете две кори и со масло премачкајте ги целосно, и страните од што висат над плехот. Тргнете две кори настрана за покривање на гибаницата.

Секоја следна кора нежно потопете ја во филот и наредете ги во плехот една до друга.

Направете го истото и за вториот ред, а потоа сипете одозгора една рака ситно сирење.

Потоа за третиот ред повторно потопувајте ги корите, па сирење…И така сè додека да го потрошите материјалот.

<

Вратете ги корите што висат надвор од плехот и покријте ги со оние две кори и убаво потпикнете ги внатре како да местите чаршав на кревет. Исечете ја на коцки.

Изматете го јајцето, додајте млеко и малку масло. Прелијте ја гибаницата и печете ја околу 45 минути во загреана рерна на 210 степени. Се сече додека е топла. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „ГИБАНИЦА ОД 3 СОСТОЈКИ: Готова е за час, натопи, исцеди и нареди во плехот, вкусот ќе ве врати во детството“ – ОВДЕ.

ГИБАНИЦА ОД 3 СОСТОЈКИ: Готова е за час, натопи, исцеди и нареди во плехот, вкусот ќе ве врати во детството