Гибаницата е една од омилените пити, која секогаш ќе ве наврати во детството и со мирис, и со вкус. Се прави многу брзо и лесно, со натопување и редење, на постарите домаќинки им е добро познат овој рецепт.

Направете ја оваа гибаница од 3 состојки и уживајте во здравиот, евтин и многу вкусен ручек или вечера. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 500 г кори за пита, 6 јајца, 1 литар јогурт, 1 лажица сол, малку масло за намастување на тепсијата (30 см).

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 500 г квалитетни кори за гибаница, 3 јајца, 200 г полномасно старо бело сирење, 250 мл газирана вода (или малку повеќе, по потреба), 1 прашок за печиво, малку масло (може и не мора). Не треба да се посолува доколку сирењето е доволно солено.

ПРВ РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Изматете ги јајцата со миксер малку да запенат. Додајте јогурт и оставете 3-4 лажици за премачкување. Измешајте ги јајцата и јогуртот, па потоа намастете ја тепсијата.

Ставете еден лист од готовото тесто и уште еден преку него, попречно. Потоа земајте по половина кора, па згужвана натопувајте ја во смесата и редете во тепсија.

Не ги притискајте корите една врз друга, како што ќе ги редите, доволно е просторот во тепсијата да се пополни, да не биде притиснат. Филот не го штедете. Кога ќе направите еден ред, земете една кора и поделете ја на 3 дела, не мора прецизно. Малку згужвани наредете ги врз натопените кори.

ПРВ РЕЦЕПТ

Продолжете со натопување и редење врз овие суви кори. Овие суви кори се ставаат за да впијат малку од филот. Оставете една кора за горе, која ќе ја покрие гибаницата. Ако ви остане фил прелијте го преку згужваните кори. Поклопете со корите кои висеа од страна, ставете ја последната кора и премачкајте со јогурт.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени најмалку половина час. Кога ќе зарумени гибаницата покријте ја со хартија и допечете уште 10 минути. Како прилог со гибаницата може да послужите кисело млеко – тоа е совршена комбинација.

Исто така, ако почекате малку да подизлади, уште повеќе ќе уживате во вкусот. / Kuvajmoblogovѕki.сom. Во продолжение прочитајте ја постапката за вториот рецепт, надополнет со сирење:

ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Во поголем сад изматете јајца, па додајте го сирењето и потоа издробете го во виљушка. Кога целосно ќе го издробите, добро промешајте за да се изедначи. Додајте газирана вода, прашок за печиво и малку масло (иако не мора, особено ако сирењето е многу масно).

Убаво промешајте да се изедначат состојките. Една по една, натопувајте ги корите во приготвената смеса. Процедувајте ги како што се цеди сунѓер, само малку понежно – треба да се направи растресена топка од секоја кора, никако компактна повеќе од што мора.

Направените гужвани купчиња редете ги едно покрај друго во намастен висок плех. Доколку на крај останат трошки сирење кои не се зафатиле на корите, рамномерно распоредете ги помеѓу наредените купчиња.

ВТОР РЕЦЕПТ

Тоа што овие купчиња се редат директно во плехот, без кора на дното која служи како подлога, дава некоја посебна магија, бидејќи некои парченца сирење убаво се запекуваат и на кората и даваат посебна арома.

Вака приготвената гибаница ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30-45 минути – готова е кога ќе зарумени.