Прочитајте за оцетот на четворицата крадци со зачински и лековити билки, за кој се поврзува легендата дека во Средниот век лекувал од чума.

Во основа се состои од оцет во кој е натопена жалфија, мајчина душичка, лаванда и рузмарин, како и додаток на лук. Освен оваа основна мешавина, во оцетот може да се додадат и други зачини или лековити билки, како што се пелин, нане и слично. Оцетот на четворицата крадци денес се продава како антисептично средство. Читателите на НМД во продолжение можат да ја прочитаат оваа интересна легенда.

ЛЕГЕНДА ЗА ЧЕТВОРИЦАТА КРАДЦИ –и нивниот рецепт за Acetum bezoardicum – Оцетот на четворицата крадци е наречен според настан кој се случил во 1630 година на југот од Франција, кога владеала чумата. За време на таа голема епидемија, кога илјадници луѓе умирале, си живееле и четворицата крадци, кои влегувале во куќите на заразените и ги ограбувале болните и умрените.

Иако и крадците биле изложени на заразата, никогаш не се разболеле. Но, сепак биле фатени и осудени на смрт. Судиите кои ги осудиле, биле доволно мудри за да сфатат дека сигурно постои некоја причина поради која овие разбојници не се заразувале. Па затоа им ветиле на крадците дека ќе бидат помилувани доколку им ја откријат својата тајна (според некои извори, казната била преименувана од клада на бесење).

И секако – тајната била во лековитите билки. Разбојниците пред да тргнат во ограбување, го премачкувале целото свое тело со оцет во кој биле натопувани жалфија, тимијан, лаванда, рузмарин и други лековити билки.

И така, на крадците им останале главите на рамења, а на поколенијата – рецептот. И подоцна, кога после 100 години Марсеј бил заразен со чума, приказната за четворицата разбојници повторно била оживеана, само што во новата рецептура бил додаден и лукот, одамна познат како антисептик.

Па така оцетот за четирите крадци останал на списокот од лековити средства сè до 19.век. Овој рецепт претрпел доста измени, му се додавале и одземале состојки, а еве еден таков пример, рецептот на д-р Кристофер кој го запишал како наследство на американските индијанци.

Под него можете да го прочитате и оригиналниот рецепт кој е запишан во Кодексот. Во тоа време користеле неколку видови на ѓумбир, па така ѓумбирот се содржи и во овој рецепт на д-р Кристофер. Потребни состојки: 1-Zingiber officinale-Ѓумбир, 2-Allium sativum-Лук, 3-Armoracia rusticana-Рен, 4-Allium cepa-Црвен кромид, 5-Capsicum annuum-Лута пиперка, 6-Оцет од диви јаболка

Постапка: Сите овие состојки во еднаква количина треба да зреат во оцет од диви јаболчиња. Истиот рецепт е наведен и во книгата на д-р Шулц. Добиената киселина е многу силна и ги уништува сите вируси и бактерии, ги намалува триглицеридите за помалку од две седмици и целиот организам го опоравува.

Одличен е да се користи и за јадење. Како лек се користи орално трипати дневно во дневна количина од 100 мл, распоредена во еднакви количества. Напомена: Секогаш се користат еднакви делови од состојките и важно е да се стават во стаклена тегла, да биде исполнета со две третини од билките.

Сите состојки треба да бидат ситно исечкани, а потоа да се прелијат со оцет од диви јаболка, а не од питоми. Теглата се затвора, а откако материјалот во неа ќе се наталожи, по потреба се додава уште материјал или уште оцет, а потоа не се отвора до крајот на зреењето.

Најдобро е да се остави три месеци, но веќе за само еден месец може да се користи како моќен лек. Се чува на темно и секојдневно мора да се протресува неколку пати. Ефектите се гледаат за само неколку дена. Сите параметри се подобруваат за само неколку седмици, а одлично е и против астма и бронхитис, вируси, бактерии. Одлично се комбинира со маслото од диво оригано, па заедно во комбинација нема болест која не можат да ја совладаат.

ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗАПИШАН ВО ФРАНЦУСКИОТ КОДЕКС-ФАРМАКОПЕЈА, ЗАПИШАН ВО XVIII И XIX ВЕК: По 56,69 грама од следните билки и билни делови: лист од Artemisia absinthium (горчлив пелин), лист од Artemisia pontica, лист од Rosmarinus officinalis (рузмарин), лист од Salvia officinalis (жалфија), лист од Mentha x piperita, лист од Ruta graveolens (рутвица), цвет од Lavandula officinalis (лаванда);

по 7,65 грама од: корен од Acorus calamus (иѓирот), кора од Cinnamomum verum (цимет), каранфилче (Eugenia caryophyllata), мускатно оревче (Myristica fragrans), лук (Alium sativum). Се ставаат сите состојки во 3916 грама винска киселина. Се остава точно 15 дена, па се процедува со истискување.

Во 56,69 грама концентрирана оцетна киселина (тогаш хемијата веќе го познавала концентрираниот облик), се растопува 15 г камфор. Во тоа време камфорот се увезувал изолиран од природни извори. Камфорот растопен во оцетна киселина се меша со добиениот мацерат од билките во винската киселина, добро се промешува и се филтрира низ свила.

Ваков бил оригиналниот официјален рецепт за оцетот на четирите крадци кои Французите го запишале со следната намена: Vinaigre anti-sceptique (ова е стара лингвистичка форма во однос на модерниот француски јазик).

Мора да ја разбереме историјата во 19.и почетокот на 20.век кога растела свеста и потребата за антисептици, состојки кои ги дезинфицираат површините, вклучително и површината на телото.