Овие питички се многу популарни во Турција…Се приготвуваат со готови кори и сирење, многу лесни и вкусни…Евед што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):

6 големи фило кори за пита
1 чаша масло (може 50:50 масло и путер)
1/2 чаша млеко
1 јајце
350 г сирење
*ако немате вакви големи кори, користете по 3-4 обични кори надоврзани една на друга

ПОСТАПКА:

Измешајте масло, млеко и јајце. Матете неколку минути со жица за да се добие фина конзистенција. Отворете ја кората и преку цела површина премачкјате ја со преливот. Преклопете ја на половина, а потоа исечете ја на 4 триаголници.

Премачкјате одозгора со преливот. На поширокиот крај ставете сирење и свиткајте ролничка. Постапката повторете ја со останатите кори. Ролничките наредете ги во плех обложен со хартија и одозгора премачкјате ги со остатокот од преливот.

Печете во загреана рерна на 200 степени додека убаво да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ: