Бик
Љубовта е болна тема за вас. Во целиот свој живот се обидувате да најдете едноставна среќа, но секогаш има нешто што ви пречи. Невозвратена љубов е вашето проклетство од кое како да не можете да избегате, што и да се случи.
Вие сте многу добри и срдечни луѓе, но среќата ве изневерува, кога станува збор за љубов. Она за што најмногу жалите е човек кој сте изгубиле во минатото поради погрешна ваша дискреција или постапка. Верувате дека тоа бил човекот за вас, но самите сте ја избркале среќата.
Откачете се од овој товар и немојте да мислите дека сте во право. Се случило она што требало, за да можете да сретнете вистинскиот човек за вас. Идејата за минатото и неисполнета љубов е романтична, но во никој случај не и реална.
Лав
Вие сте исклучително комплексни личности и тоа е јасно на секој кој ве познава. Мислите многу, се грижите уште повеќе и нема човек кој ќе ја смири вашата загрижувачка душа.
Во интерес на вистината вие сте оние кои потсвесно ја попречуваат среќата. Барате драми таму каде што нема такви. Ги сфаќате погрешно сигналите и тоа секогаш става крај на врските кои сте ги имале досега. Треба да ја промените стратегијата и да се обидете да го дознаете вистински човекот до вас.
Осаменоста ви се должи на проблеми кои самите вие ги создавате и подгревате со сомнежи. Бидете над овие работи, гледајте реално на настаните и не помислувајте дека секој се обидува да ви направи несреќни. Има луѓе кои само сакаат да ве сакаат.
Јарец
Љубовта за вас е исклучително сложена и болна тема. Не престанете да барате човек кој ќе ви ја смири душата и ќе ви подари едноставна среќа. Ве изневерувале и тоа ви е тешка обетка на уво, која не можете да ја оставите во минатото.
Се сомневате во секој нов човек кој ќе влезе во животот и мислите дека сака да ви наштети. Ужасно љубоморни сте, токму затоа што сте и ужасно несигурни. Но тоа е тешко бреме што го труе животот и секоја ваша врска. Треба да се ослободите од своето минато, да заборавите на болката и да дознаете дека животот не е само црно, а среќата доаѓа кај оние кои веруваат во него. Така е и со љубовта.
Риби
Вие го испуштате вистинскиот момент за да наследите срцето на оној кој веќе го превзел вашето. Имате лошо искуство во врските и тоа не ви дава мир. Се паѓате на зафатени луѓе со кои е тешко да се создаде врска, особено кога тие се среќни со своите партнери.
Треба да престанете да истражувате во туѓата среќа и да се најде човек кој има отворено срце за љубов . Најголемата грешка е дека летате по грешните луѓе и сами не си ги поставувате границите.
Така никогаш нема да бидете среќни, туку само ќе страдате. Оставете ја актуелната стратегија настрана, ако сакате еден ден да бидете среќно вљубени.