Овој рецепт го најдов во стариот готвач на баба ми, го пробав и веднаш ме освои. Питата е одлична и кога е ладна.

Пробајте ја, верувам дека и на вас ќе ви се допадне.

Потребни состојки: 500 г кори за пита, 3 јајца, 1 чаша јогурт, 1 чаша пченкарно брашно, 1 чаша масло, 1 прашок за печиво, 400 г сирење (свежо сирење, фета или по избор), сол и сусам по потреба

Постапка: Изматете ги јајцата, додадете јогурт и пченкарно брашно. Додадете сол, масло и прашок за печиво.

Добро соединете ги состојките – тоа е филот, па одвојте четири кори.

Првата кора премачкајте ја со масло, а останатите три мачкајте ги со фил и редете ги една преку друга.

Четвртата кора премачкајте ја со филот и ставете издробено сирење кое претходно сте го посолиле по вкус.

Свиткајте во ролат, а постапката повторувајте ја додека да се потроши материјалот.

Ролатите редете ги во намастен плех, исечете ги на коцки, премачкајте со масло и наросете со сусам.

Печете на 200 степени додека да добие златна боја.