Препарати со сол за кожни рани, за циркулација, запек, вкочанетост, болки, настинка

Сува сол се става на рана што крвари. Кога се става солта, болното место ќе боли, но затоа пак крвавењето престанува, а раната ќе се дезинфицира. Сува сол се става и во нос што крвави. Се употребува и за миење на забите.

МОРСКА СОЛ се става во млака вода или потопла вода и во неа се држат измрзнатите нозе 15-30 минути и потоа се завиткуваат. Оваа бања не смеат да ја употребуваат лица што имаат кожни заболувања.

Ако се испие една чаша СТУДЕНА СОЛЕНА ВОДА  (раствор од половина кафено лажиче сол на 1 чаша вода) помага за регулирање на тврда столица- запек (опстипација).

Loading...

Студена солена вода се користи за промивање на усната празнина, така што се прави гаргара.

Студена или млака солена вода може да се употреби и за премивање на рани.

ПРОТИВ ЧЕШАЊЕ НА КОЖАТА: 1 литар вода, 1 супена лажица сол и 1 супена лажица вински оцет се мешаат. Со оваа течност се премиваат болните места.

ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЦИРКУЛАЦИЈАТА НА КРВТА помага ако неколку минути се држат стопалата во студена солена вода.

ТОПЛА СОЛЕНА ВОДА предизвикува потење при настинка ако нозете се држат 20-30 минути во неа, а потоа се бришат со влажна крпа и добро се завиткуваат.

Солта може да се користи и како облога за ублажување на болки во стомакот, грчеви на цревата, менструални болки, болки од хемороиди, укоченост на мускули од промаја, ревматични болки. Солта се загрева подолго време за да биде потопла, се става на крпа или во вреќиче, па се завиткува во пешкир и се става на болното место. Кога ќе се излади, солта повторно се загрева.

Една кафена лажица сол и една кафена лажица сусамово масло (може и маслиново, од кантарион, од ајдучка трева и сл), добро се мешаат и се става на каснато место од пчела, оса, пајак.

Две супени лажици сол се загрева на оган и се долива со 200 мл јака ракија или бело вино. Се остава да проврие неколку минути (солта не се растворува). Се зема со рака колку што е можно потопло се масираат места вкочанетост од промаја, настинка, костобол и сл. Потоа се покрива со волнена крпа.

Loading...