Ова е еден од најбараните специјалитети за кој се мисли дека не може секој да го направи. Напротив, кога ќе ја прочитате постапката, ќе видите дека овој колач е еден од најлесните за подготовка, полесен и од оние кои веќе ги знаете да ги правите со печење на кори, бисквит итн…

Тетка ми од Германија, Лидија, специјално дојде оттаму за да ѝ го правам овој специјалитет. После инсистираше да го направам повторно пред неа, зашто не ми веруваше дека постапката е само премачкување и ладење.

Ми се заблагодари и рече дека овој рецепт ќе го подарела на некоја бизнис-пријателка која во градот држела многу елитен ресторан.

Наместо кокос, може да користите и црвено бобесто овошје, за кое претходно имаме пишувано сличен рецепт. Ова е еден од највкусните колачиња кои ќе ги пробате и можете да ги послужите кога ви доаѓаат некои гости, за родендени, слави, празници…

Она што е важно е дека треба да ги направите порано, бидејќи ладењето во фрижидер за овие колачиња игра важна улога. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г кокосови трошки, 1 литар млеко, 1 чаша брашно (околу 220 г), 1 чаша шеќер (200 г), 5 г ванилин шеќер, 50 г путер. И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 150 мл слатка павлака (33% масленост), 50 г сечкани ореви.

ПОСТАПКА: Еден голем плех од рерна обложете го со хартија за печење, израмнете ја убаво на краевите за да се прилепи за плехот и одозгора наросете го кокосот. Со помош на шпатула или алатка за измазнување на торти, натапкајте го кокосот, за насекаде да си дојде рамномерно.

Во тенџере ставете 800 мл млеко и додајте го шеќерот. Вклучете ја ринглата на ниска температура додека млекото да се загрее. Повремено промешувајте го шеќерот. Во друг сад ставете го преостанатото 200 мл млеко, додајте го брашното и енергично измешајте со жица или маталка.

Кога млекото во тенџерето ќе се загрее, додајте го и варете додека да добиете густ пудинг, без грутки. Тргнете го тенџерето од рингла и додајте го ванилиниот шеќер и пудингот. Измешајте до соединување. Вака подготвениот пудинг излејте го во плехот врз кокосовите трошки, израмнете и ставете во фрижидер на ладење минимум 4 часа.

По изминатото време, извадете го плехот од рерна и направете го следниот крем. Изматете ја слатката павлака во цврст шлаг. Излејте го шлагот врз оладениот пудинг и фино израмнете. Исечете правоаголници, прво ја делите целата смеса на половина вертикално и од секоја половина се сечат 4 правоаголници хоризонтално.

На секој правоаголник наросете ситно сечкани ореви и нежно завиткајте ги во ролат. На овој начин ќе добиете пудинг ролатчиња од кои ќе чувствувате само конзистентност на крем. Можете да ги послужите со цел орев одозгора и шолја кафе и сите ќе ве пофалат за нив. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.