Не е важно дали сте родени наутро, попладне или доцна навечер… Некои од нашите постапки, ставови и расположенија ќе ги разбереме подобро ако ја знаеме нумеричката вибрација на часот на нашето раѓање.




Како што секој ден од месецот има свои нумерички вибрации, така и секој час од денот има одредена астролошка фреквенција, што во голема мера влијае на осцилациите на нашиот биоенергетски полнеж.




Дознајте го часот во кој сте родени и прочитајте подолу какви личности се раѓаат во тоа време. Можеби само добро ќе забавувате, а кој знае, можеби дури и ќе се препознаете.




Од 24:00 до 02:00 часот се раѓаат најљубопитните и најистражливите луѓе. Во сè се сомневаат, сè сакаат да испитаат, во сè гледаат можност за истражување…ним сè им е интересно.




Од 02:00 до 04:00 часот се раѓаат многу вредни луѓе, цврсто ориентирани кон материјалот. За нив нема препреки. Колку и да се чинат недостижни, тие секогаш се стремат кон нивните цели. Неуморно работат за да обезбедат материјална сигурноста за себеси и своите најмили, па ако е потребно, работат и прекувремено.




Од 04:00 до 06:00 часот се раѓаат храбри луѓе, кои можат да поминат низ сите препреки, поседуваат способност на лидер. Смели се и никогаш не се откажуваат. Тие се и добри пријатели кои секогаш ќе бидат покрај вас да ја пренесат својата храброст и да ве бодрат во остварувањето на целите.




Од 06:00 до 08:00 часот се раѓаат мистици и луѓе со добра духовна организација, тие поседуваат посебна способност за емпатија. Тоа се луѓе кои секогаш ќе најдат време да ве сослушаат.




Од 08:00 до 10:00 се раѓаат хуманисти и многу шармантни луѓе. Имаат заразна насмевка која шири позитивна енергија околу себе. Секогаш се подготвени да помогнат и да организираат начини за помош на оној кој тоа му е потребно.




Од 10:00 до 12:00 часот се раѓаат активни луѓе, кои сакаат да го променат светот, да го подобрат. Амбицијата не им е туѓа. Речиси никогаш не се задоволни зошто нивното мото е: „секогаш може подобро“. Тие го движат светот кон напред.




Од 12:00 до 14:00 часот се раѓаат необични луѓе, сакаат ризик и авантура, имаат жива имагинација.

Од 14:00 до 16:00 часот се раѓаат силни луѓе, способни да ги надминат сите тешкотии, незаменливи во нестабилни ситуации или времиња.

Од 16:00 до 18:00 часот се раѓаат мирољубиви луѓе кои имаат способност да ја согледаат ситуацијата во целина, тие се многу добродушни.




Од 18:00 до 20:00 часот се раѓаат луѓе со силна волја, способни за подвиг.

Од 20:00 до 22:00 часот се раѓаат „ѕвездени“ луѓе, скромна улога во животот не им одговара.

Од 22:00 до 24:00 часот се раѓаат филозофите со хармоничен внатрешен мир, иако понекогаш луѓето не ги разбираат.