Фантастичен Несвик колач! Толку многу го испофалија што морав да го направам. Фантазија од колач! Многу едноставно и лесно се подготвува а вкусот му е неодолив. Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мл млеко, 3 лажици шеќер, 3 лажици несквик, 10 г ванилин шеќер, 1 лажичка нес кафе, 10 г скроб/нишесте/густин. За бисквит: 3 јајца, прстофат сол, 200 г шеќер, 10 г ванилин шеќер, 160 мл масло, 250 мл млеко, 1 лажичка кафе, 300 г меко брашно, 12 г прашок за печиво, 2 лажици какао

ПОСТАПКА: Во едно тенџере сипете: 300 мл млеко, 3 лажици шеќер, 3 лажици несквик, 10 г ванилин шеќер, 1 лажичка нес кафе, 10 г скроб/нишесте/густин и добро измешајте со рачна маталка.

Ставете на оган, па од моментот на зовривање варете уште две минути со непрекинато мешање. Оставете го кремот настрана да се лади со повремено промешување.

За тоа време, во посебен сад пенасто изматете 3 јајца со прстофат сол, 200 г шеќер и 10 г ванилин шеќер. Кога смесата ќе згусне и осветли, додајте 160 мл масло и матете кратко додека да се инкорпорира.

Во 250 мл ладно млеко додајте 1 лажичка нес кафе и мешајте додека да се раствори, а потоа млекото додајте го во смесата од јајца. Изматете кратко, па додајте 300 г меко брашно, 12 г прашок за печиво и 2 лажици какао.

Изматете со миксер додека да добиете изедначена, хомогена смеса без грутчиња. Калап со димензии 27х27 см намастете го и наросете го со брашно, а вишокот истресете го. Сипете ја подготвената смеса и израмнете.

Ставете да се пече половина час во претходно загреана рерна на 180 степени. Печениот колач густо избоцкајте го со стапче за ражен, а потоа залијте го со претходно сварениот и изладен крем.

Колачот оставете го да се олади и да го впие кремот. Декорирајте со рендано чоколадо или по желба. Потоа сечете и послужете. Деталите од видеопрезентацијата погледнете ги ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „НЕСКВИК ТОРТА: На дечињата им е омилена и специјално за нив ја правам за секој роденден“ – ОВДЕ.

НЕСКВИК ТОРТА: На дечињата им е омилена и специјално за нив ја правам за секој роденден