НЕСКВИК ТОРТА: На дечињата им е омилена и специјално за нив ја правам за секој роденден

Моите дечиња обично не се големи љубители на домашни торти и колачи. Најчесто сакаат да јадат чоколадо и други слатки работи кои ги има по маркетите. Но, за моја среќа, кога го најдов и направив овој рецепт, моите деца едноставно ја засакаа оваа торта и ми бараа по неколку парчиња.




Тортата доби сосем друга димензија кога видов колку многу им се допадна на моите деца. Се прави лесно, брзо и не е многу тешка на вкус, напротив е многу кремаста, баш е погодена за деца. Еве кои состојки ќе ви бидат потребни:




Потребни се три кори за тортата, а дадени се состојки за една кора. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 3 белки, 3 лажици шеќер, 2 лажици мелени ореви, 1 лажица брашно. Се печат 3 вакви кори. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 100 г чоколадо за готвење и 40 г путер/маргарин.

ЗА КРЕМ 1: 9 жолчки, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 7 лажици несквик, 500 мл млеко, 1/3 путер/маргарин (80-90 г). ЗА КРЕМ 2: 400 мл слатка павлака и 2 лажици шеќер во прав.




ПОСТАПКА: Изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, па со лажица додајте мелени ореви помешани со брашно и соединете внимателно. Испечете три вакви кори на 180 степени, по 10-15 минути, во помал калап од 23 см.




ЗА ПРВИОТ КРЕМ: Изматете го путерот, додајте растопено чоколадо во него и уште еднаш убаво изматете. Разматете ги жолчките со шеќер, брашно и несквик, па смесата сварете ја во преостанатото млеко со постојано мешање додека да згусне. Оставете целосно да излади. Пенасто изматете го путерот со шеќер, па додаjте го во изладениот крем од жолчки.




Изматете ја слатката павлака со шеќер. Врз првата кора премачкајте со намазот од путер и чоколадо. Исто премачкајте ги и другите две кори. Преку првата кора нанесете од првиот крем, па слатка павлака и повторете ја постапката уште двапати.

Премачкајте ја целата торта со остатокот од слатка павлака, наросете со несквик или декорирајте по ваша желба. Eте толку е постапката, многу е лесно. Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт за класик торта со ореви.




Кога сакате да направите класична чоколадна торта со ореви, запишете си го овој рецепт бидејќи ќе ве потсети на старите добри денови кога со брзина на светлината се јадеше оваа торта на големите празници.

Потребни состојки за кора: 10 јајца, 150 г шеќер во прав, 200 г мелени ореви, 1 лажица брашно, 100 г рендано чоколадо, 1 лажичка инстант или обично кафе (неварено). За фил: 1/2 шолја вода (100 мл), 150 г шеќер, 100 г чоколадо, 170 г путер/маргарин, 70 г шеќер во прав, 1 јајце. За декорација: 100 г крупно рендано чоколадо.




Постапка: Бисквитот подгответе го на следниов начин: Одделете ги белките од жолчките. Во садот каде што сте ги ставиле жолчките додајте го шеќерот во прав и изматете пенасто со миксер.

Додајте ги оревите кои претходно сте ги сомелеле, брашното, ренданото чоколадо и една лажичка инстант кафе (може и Нескафе). Измешајте ги состојките со лажица со нежно мешање. Белките изматете ги добро, пенесто и додајте ги во претходната смеса од жолчки која веќе сте ја соединиле.




Соединете ги овие две смеси, па префрлете во кружен калап (со пречник 26 см) и печете околу 45 минути на 150°C во претходно загреана рерна. По печењето, кората се остава целосно да се излади, па со конец или внимателно со нож пресечете ја кората напречно на два еднакви делови за да добиете две кори.




Подготовка на филот: Во тенџере ставете ја водата да зоврие со шеќерот и чоколадото околу 1 минута – додека да се запени. Промешајте и оставете да се излади настрана. Посебно изматете го путерот со миксер, додајте го шеќерот во прав, па додајте го изматеното јајце.

Добиената смеса соединете ја со претходната и лесно измешајте со лажица. Редење и декорирање: Кога филот и кората ќе се изладат, на долната кора намачкајте со подебел слој од филот, потоа ставете уште една кора и со преостанатиот фил премачкајте ја тортата одозгора и од страните. Декорирајте со крупно рендано чоколадо. /Сoolinarika.сom

Претходна статијаОВАА САЛАТА ЗАМЕНУВА ЦЕЛ ОБРОК: Кога ќе ја пробате, ќе сакате пак да ја направите
Следна статијаОва е моментално најбараниот лек за празнење на цревата: „бутка“ сè што е застојано