НЕПЕЧЕНИ СИТНИ КОЛАЧИ СО СУСАМ, МЕД И ОРЕВИ: прекрасен пандан на старите добри кукулички-шишарки

Многу вкусни ситни колачи со сусам, ореви и мед. Ќе ги правите постојано, особено одговараат за празничните денови бидејќи се прават многу лесно, не се печат, а потсетуваат на старите денови.

Фото и рецепт: Бети Јоси, Кујната на Клара Бос




И овој пат повторно споделуваме рецепт од Бети Јоси од Кујната на Клара Бос со нејзините извонредни рецепти. Нејзиниот блог и вкусните рецепти може да ги погледнете ОВДЕ.




Корнфлекс колачи со сусам, мед и ореви. „Прекрасен пандан на старите добри и обожавани шишарки или кукулички како ги викаме ние во Битола, кој за разлика од нив овде има во секој загриз крцкава структура и е исто толку „зара-зен“ за јадење.

Фото и рецепт: Бети Јоси, Кујната на Клара Бос




Предноста е плус во тоа што не губите време со калапење, туку сè се истура и потоа се сече. Мераци!“ Потребни состојки: 200 г потпечен сусам, 220 г чоколадо, 220 г маргарин, 120 г шеќер, 260 г мед, 100 г сечкани, дробени или толчени оревим 250 г корнфлекс.




Постапка: Во суво тавче потпечете го сусамот. Корнфлексот издробете го со рацете да е поситен. Ставете ги во тенџерче шеќерот, медот и маргаринот да се стопат и соединат на средна температура.

Фото и рецепт: Бети Јоси, Кујната на Клара Бос




Во вангла ставете го корнфлексот и оревите. Ореви доколку сакате може да додадете и дупло, а исто така кој сака може да додаде и 100 г суво грозје или брусница, ние не јадеме па затоа не ставам. Тргнете 50-60 г од сусамот на страна и останатиот додадете го во смесата.




Измешајте и додајте ги стопените состојки. Повторно убаво измешајте и смесата истурете ја во плех обложен со пек-хартија и убаво со раце или алатка натиснете ја смесата да се збие и израмни насекаде.




На крај посипете насекаде одозгора со сусамот кој го тргнавте на страна и убаво натапкајте го да се залепи со смесата. Оставете да неколу часа да се стегне подобро и исечете на коцки, штангли или ромбови.

Фото и рецепт: Бети Јоси, Кујната на Клара Бос




Во продолжение може да прочитате наш предлог за посни бадникови колачиња со мед и ореви во тектот ОВДЕ, посна бадниково лепче ОВДЕ и уште неколку рецепти за посна баклава, емби колачи и пиварки во текстот ОВДЕ.




Претходна статијаЛек за дијабетичари: на расолницата додајте ги овие две состојки за намалување на шеќерот
Следна статијаКРЕМ ТОРТА СО СУВО ОВОШЈЕ: без печење, лесна постапка и за неколку минути е готова