Колачите се приготвуваат брзо и многу едноставно, а додека се печат цела куќа мириса неодоливо. Доколку го немате овој рецепт, задолжително запишете си го, ќе го правите редовно, дури и кога не се пости. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 супени лажици мед, 200 мл маслиново масло, 200 мл сок од портокали, 2 супени лажици шеќер во прав, 1 кафена лажичка цимет, ½ кафена лажичка каранфилче, кора од портокал, 500 г брашно, 10 г прашок за печиво, 5 г сода бикарбона. За шербет: 350 мл вода, 400 г, шеќер и цимет.

ПОСТАПКА: Најпрво пригответе го шербетот за да има време да се олади. Во тенџере на оган ставете 350 мл вода, 400 г шеќер и 2 стапчиња цимет. Откако ќе зоврие сирупот варете го 2 минути.

Сирупот оставете го на решетка малку да подизлади, па додајте две лажици мед, промешајте и оставете целосно да се излади. Во длабок сад ставете 200 мл маслиново масло, 200 мл сок од портокали, 2 супени лажици шеќер во прав, една лажичка цимет и половина лажичка каранфилче.

Убаво измешајте со маталка за да се соединат состојките, а потоа додадете една лажичка рендана кора од портокал и 500 г просеано брашно заедно со 10 г прашок за печиво.

Замесете со рака додека да се соединат состојките во изедначено меко тесто кое лесно се обликува. Кинете од тестото и формирајте топчиња со величина на голем орев или по желба и редете ги во плех обложен со хартија.

Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Топлите печени колачи спушетет ги во ладниот сируп и оставете ги неколку минути за да го впијат. Повремено превртувајте ги за да можат рамномерно да се натопат.

Секое од колачите откако ќе го натопите во сирупот, малку боцнете го со виљушката за да може убаво да прими. Одозгора премачкајте ги со разреден мед и наросете ги со мелени/сечкани ореви.