Некои свои постапки, ставови и расположенија подобро ќе ги разбереме ако знаеме во колку часот сме родени, односно ако го знаеме нашиот нумерички вибрационен часовник.

Како што секој ден во месецот има своја нумеричка вибрација, така и секој час има одредена астролошка фрекфенција која влијае врз нашето биоенергетско поле. Кругот од 24 часа е поделен на шест нумерички дела. Првиот е помеѓу полноќ и 4 часот наутро, вториот помеѓу 4 и 8, третиот меѓу 8 и 12, четвртиот меѓу 12 и 16, петтиот меѓу 16 и 20 и последниот меѓу 20 часот до полноќ.

ЗА РОДЕНИТЕ МЕЃУ 20 И 24 ЧАСОТ

Ноќните деца се полни со самодоверба.

Оние што се родени меѓу 20 часот и полноќ по природа се водачи, а нивниот доминантен дух веднаш освојува. Полни се со самодоверба и тешко се колебаат, а најмногу патат ако некој им го повреди егото.

Специфични се по тоа што им е неопходно одредено време во денот да го поминат сами за да си ги приберат мислите и да соберат енергија за понатаму. Сакаат да доминираат во сите сфери. Склони се на филозофирање и книжевност. Имаат големо влијание врз другите, авторитетни се кај пријателите и во семејството. Понекогаш делуваат вообразено, но тоа произлегува од нивната самодоверба и креативна енергија.

ЗА РОДЕНИТЕ МЕЃУ ПОЛНОЌ И 4 ЧАСОТ

Вие сте тивки и мирни по природа, сакате да си фантазирате и често мечтаете за недостижни работи, па некогаш тешко се снаоѓате во реалниот свет. Имате интересна поетска душа и често луѓето не ве разбираат, бидејќи вашиот начин на размислување се разликува од останатите. Вие сте единствени.

Понекогаш делувате расеано. Секогаш сте подготвени да им помогнете на другите. Верни сте им на своите идеали кои од детството не ги менувате,

Често се двоумите помеѓу своите цели, па тоа ви создава немир. Сакате да го пренесувате стекнатото знаење врз другите и добри сте во тоа.

ЗА РОДЕНИТЕ МЕЃУ 4 И 8 ЧАСОТ

Ранородените се најупорните. Луѓето родени рано наутро се упорни во се’ што прават. Тие се практичари и тешко можете да ги изненадите – бидејќи однапред се подготвени за сите потешкотии во животот.

Имаат голема желба да ги исполнат своите соништа и цели, па затоа вложуваат голем труд. Најчесто се многу интелигентни, но тоа не им носи некоја поголема материјална корист.

Ги одликува брзина и складност. Многу добро се снаоѓаат во реалниот свет. Тежнеат кон тоа да им бидат пример на другите, па затоа постојано се докажуваат за да се потврдат.

ЗА РОДЕНИТЕ МЕЃУ 8 И 12 ЧАСОТ

Напладне се раѓаат оптимисти и филозофи. Луѓето родени во овој дел од денот ги развеселуваат другите со својата присутност. Амбициозни се и имаат големи шанси да успеат во бизнис светот, а во приватниот живот се оптимистични и продуховени.

Сакаат да филозофираат за смислата на животот и меѓучовечките односи, а поседуваат и бројни уметнички таленти. Секогаш се ведри и расположени и насекаде зрачат со несебична љубов и магнетска топлина. Емпатични се и софистицирани.

ЗА РОДЕНИТЕ МЕЃУ 12 И 16 ЧАСОТ

Попладневните деца се енергични и креативни. Многу се љубопитни со многу енергија, па создадени се да бидат учители, математичари и големи говорници.

Во меѓучовечките односи се склони на конфликти, но животот без постојана драма и промени би им бил досаден.

Тоа се сестрано надарени особи кои можат да се пронајдат во бројни професии и занаети каде успешно ќе го изразат својот креативен дух.

ЗА РОДЕНИТЕ МЕЃУ 16 И 20 ЧАСОТ

Родените доцна попладне имаат немирен дух кој постојано ги води кон нови предизвици и непознати ситуации. Тие се бунтовници а нивната енергија е вистински дар. Сепак последиците може да бидат лошо расположение и нервоза. Зборовите им се силни и остри, брзо размислуваат и дејствуваат.

Сакаат да го проживеат животот во сите облици и со сите предизвици.

Често ги менуваат одлуките и ставовите, а неретко истовремено преземаат различни потфати.

Кој не ги познава добро, може да си помисли дека се брзоплети, но тие многу добро знаат што прават!