Вежбањето на нозете е важно за здравјето на нозете и нервниот систем, се наведува во најновото истражување.

Истражувањето покажало дека невролошкото здравје зависи од сигналите кои мускулите на нозете ги испраќаат до мозокот и обратно.

Резултатите од истражувањето даваат нови показатели зошто пациентите со болести на моторниот неврон, мултипла склероза, атрофија на мускулите од рбетниот столб и други невролошки болести брзо доживуваат влошување откако ќе дојде до ограничување на нивната мобилност.

Со намалување на вежбањето, телото се потешко произведува нови нервни клетки кои му овозможуваат на човекот да се прилагоди на ст.ресот и предизвиците во животот

„Нашето истражување покажува дека луѓето кои не можат да вежбаат со оптеретување, како што се пациентите во постела, па дури и астронаутите на продолжени вселенски патувања, не само што губат мускулна маса, туку се менува и хемијата на нивното тело на клеточно ниво. Исто така, тоа значајно влијае на нивниот нервен систем – изјавила Рафаела Адами од Универзитетот во Милано, Италија.

Во текот на истражувањето на глувците им било оневозможено користење на нивните задни шепи, додека предните можеле да користат.

Експериментот траел вкупно 28 дена, а глувците продолжиле нормално да јадат и да живеат. Ограничувањето на активностите довело до намалување на нивото на кислород во телото, создавање на анаеробна средина со што се променил метаболизмот.

Истражувањето покажало колку важна улога има движењето.

„Не е случајно тоа што луѓето се активни, одат, трчаат, клекнуваат при седнување, ги користат мускулите од нозете за подигање и слично. Невролошкото здравје не е еднонасочна улица, каде мозокот им наредува на мускулите“ – додава Адеми.