Секој ден на илјада луѓе умира по еден човек. Тоа е 55,3 милиони луѓе годишно или скоро двајца умираат во секунда. Постојат низа природни процеси кои се случуваат откако ќе почине некој.

Како тече целокупниот процес?

Првите секунди по смртта, мозокот престанува да работи. Следи algor mortis или мртовечко ладење, намалување на телесната температура по смртта.

Првите минути по смртта, клетките во организмот почнуваат да умираат поради недостаток на кислород и така почнува процесот на распаѓање.

Првите неколку часа во мускулите се собира калциум, што предизвикува нивно затегање и мртвачка укоченост, а таа појава се нарекува rigor mortis и трае околу 36 часа. Мускулите се опуштаат, што може да предизвика исфрлање на преостаната урина во организмот. Поради сушњето, се собира кожата на лицето, а на прв поглед може да изгледа како да растат косата и ноктите. Гравитацијата ја повлекува сета крв, па кожата почнува да бледее.

Првите денови по смртта делови на телото позеленуваат, а тоа е почеток на нивното распаѓање. Цревата на мртовецот се полни со бактерии кои продолжуваат да живеат и по смртта. Тие прво ги јадат цревата, а потоа се шират на другите делови на телото. Телото ослободува хемикалии, а доаѓа до појава и на непријатен мирис. Телото после четири дена се дуе поради гасови и течности кои се создаваат поради распаѓањето.

Првите недели по смртта црвите почнуваат да го јадат телото, а можат да разгардат дури 60 отсто површина за само неколку недели. Кожата станува виолетова, а потоа црна поради бактериите. Почнува да паѓа костата, а поради мускулите кои се опуштени исчезнуваат и брчките.

Првите месеци по смртта, по трулежот и пропаѓање на органите, од телото останува само скелетот. Ако лешот оставен на температура од околу 10 степени Целзиусови, за процесот на целосно распаѓање е потребно околу еден месец.