Со додавање на кромид, лук и останатите лути зачини во секојдневната исхрана ќе постигнете многу повеќе од подобрување на вкусот на храната. Откријте кои зачини делуваат како антибиотици.

Истражувањата покажуваат дека зачините во минатото луѓето ги користеле не само за подобрување на храната, туку и поради антибиотските својства. Вакви лути зачини кои имаат способност да уништуваат патогени микроорганизми се користат и во нашата традиционална кујна.

КРОМИД И ЛУК – лути зачини со антибиотско дејство

Според научните истражувања, кромидот и лукот, пиментот и ориганото содржат моќни антибиотски состојки и претставуваат зачини со најсилни антибиотски својства. Овие зачини ги уништиле сите 30 микроорганизми против кои биле тестирани, вклучително и ешерихија коли и салмонела, две бактерии кои предизвикуваат труење со храна.

Научниците утврдиле дека антибиотските состојки во билките се развиле како одбранбен механизам против напаѓачите – габи, бактерии и инсекти. Овие споредни состојки не се пресудни за базичниот метаболизам на билката, но придонесуваат за подобрување на нејзината арома и заштита.

Токму за таа цел и ние ги користиме истите во нашите рецепти, бидејќи делуваат како антибиотици. Истражувајќи кои лути зачини имаат антибиотски својства, научниците исто така утврдиле дека постои директна поврзаност помеѓу климата и количината од зачини кои се користат во кујната на некои култури.

Зачинетата кујна обично асоцира на земјите од потоплите краишта и содржи големи количини на кромид и лук. Тоа е така, бидејќи намирниците во тие краишта побрзо се расипуваат, а лутите зачини делуваат како антибиотици и тоа го спречуваат.

Во овие кујни исто така, честопати се користат фефронките и некои други лути пиперчиња. Утврдено е дека капсаицинот од лутата пиперка може да елиминира и до 75% од бактериите во лабораториските тестирања.

ПОВЕЌЕ ЗАЧИНИ – Помалку труење со храна

Со анализа за употреба на зачините во поедини земји, било откриено дека лутите зачини со антибиотски својства обично се користат во пределите со топла клима, како што се Тајланд и Индија. Помалку се користеле, дури и воопшто во ладните краишта, како што се Норвешка и Шведска.

Од преку 80% од рецептите на индиската кујна, во речиси секој се користат кромидот и лукот, ѓумбирот и пиперката. Наспроти тоа, во норвешките рецепти главно се користат црниот и белиот пипер, а зачините се користат повремено, додека лутата пиперка речиси воопшто не се користи.

Истражувачите ги споредиле стапките на труење со храна во Јапонија и Кореја, земји со слична клима. Во Јапонија во периодот на истражувањето помеѓу 1971 и 1990 година, биле пријавени околу 30 случаи на труење со храна на 100.000 жители, наспроти само 3 случаи на истиот број луѓе во Кореја.

Ова ги навело на заклучок дека помалиот процент на труење со храна во Кореја е веројатно резултат на нивната зачинета кујна, за разлика од слаткиот вкус на јапонската храна. Исто така било утврдено кои зачини немаат силна антибиотска моќ.

Зачини кои уништуваат само 25% од бактериите во тестовите се црниот и белиот пипер, ѓумбирот, целерот и соко од лимон.

НАЈМОЌНИТЕ ЗАЧИНСКИ МЕШАВИНИ

Иако зачините се користат пред сè за да и дадат вкус на храната, нивната цел е да ја исчистат храната од патогени микроорганизми. Благодарение на лутите зачини со антибиотски дејства стануваме помалку подложни на болести.

Се утврдило дека важи правилото “колку позачинето, толку подобро”. Научниците откриле дека со комбинација на билките може да се добие помоќен антибиотски ефект, отколку ако истите се користат поединечно.

Во нашата кујна вообичаена е употребата на кромидот и лукот, како и на црвената пиперка. Овие лути зачини делуваат како антибиотици, но за да добиете една од најмоќните комбинации, измешајте: црвена пиперка, кромид и лук, оригано и ким.

Втората добитна комбинација содржи црн пипер (бибер), цимет, коморач и каранфилче. На овие мешавини можете да додадете и црн и бел пипер, како и сок од лимон, бидејќи тиа ја зголемуваат ефикасноста на другите зачини.