Рецепт и видео презентација на “Кујната на Тања” – Полнети пиперки без месо. Овој оброк без месо просто ќе го обожувате! Јадењето без месо, вака приготвено и многу вкусно е идеално за луѓе кои се на диета, вегетаријанци или вегани.

Посната полнета пиперка со зеленчук, тиквички, компир, морков и ориз е одличен избор за главен оброк доколку сте на пост или диета. јадењето е многу вкусно, а пред сè здраво, бидејќи изобилува со мноштво хранливи нутриенти кои му се потребно на вашиот организам.

Потребни состојки: 12 пиперки бабури, 3 поголеми домати, 2 главици кромид, 1 компир, 3 моркови, 2 тиквички со средна величина, 50 г ориз, малку зачин Ц или вегета (сув зеленчуков зачин по избор), слатка црвена мелена пиперка и црн мелен пипер.

Постапка: Пиперките убаво измијте ги под млаз ладна вода, исцедете ги и исчистете ги од семете. кромидот излуете го и ситно исечкајте го на коцкички. Доматите измијте ги, па ставете ги кратко и наизменично во жешка, па во ладна вода за полесно да ги излупите.

Оваа постапка може да ја прескокните доколку не ви пречи лушпата на доматот. Останатиот зеленчук добро измијте го со ладна вода, па излупете го. Потоа изрендајте ги тиквичките, морковите и кромидот, а кромидот ставете го да се динста на тивок оган со малку масло за готвење додека да омекне и застакли.

Потоа во пржениот кромид додадете го ренданиот зеленчук и промешајте. Најдобро би било сето ова да го направите во некое поголемо и подлабоко тенџере за да можете добро да ја промешате содржината без да ви се истура. Во тенџерето додадете и околу 100-150 мл вода, колку да не загори на дното.

Кога зеленчукот ќе се пропржи и ќе омекне, додадете го претходно измиениот ориз, па зачинете со две лажици сув зеленчуков зачин, една лажичка црн пипер во прав, две лажици црвена слатка зачинска пиперка во прав и зачини по ваш вкус. Промешајте добро.

Откако ќе ја изедначите смесата со зеленчукот и зачините, започнете да ги полните пиперките. Редете ги во соодветен длабок и огноотпорен сад. Полнетите пиперки затворајте ги со парчиња исечен домат. парчиња домат можете да наредите и помеѓу пиперките.

Доколку ви преостане од смесата, исто така, можете да ја рапспоредите помеѓу полнетите пиперки. Прелијте ги пиперките со 1,5 литар вода или колку да ги прекрие пиперките. Ставете го садот на рингла и загревајте додека да зоврие.

Од моментот кога јадењето ќе зоврие, гответе ги 20 минути. По изминатото време, јадењето зачинете го уште малку со 1-2 лажички сув зачин или по вкус, половина лажичка црн пипер и вкус, или вкусете па посолете по ваш вкус.

Вклучете ја рерната да се загрее на 250 степени, наросете ги пиперките одозгора со ситно сечкан магдонос, па потоа ставете ги да се запечат околу 15-тина минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.