Рецепт и видео презентација на “Рецептисимо – Рецепти од А до З”. Во денешниот рецепт дознајте како чекор по чекор да го направите овој чоколаден сон – чоколаден колач со глазура.

Потребни состојки за колачот: 4 јајца, 150 г шеќер, 150 мл млеко, 150 мл масло, 3 лажици какао, 1 прашок за печиво, 250 г брашно.

Постапка: јајцата и шеќерот пенасто изматете ги со електричен миксер додека да згуснат, а шеќерот да се растопи. Постепено додавајте масло и млеко. На крајот додадете го брашното, какаото и прашокот за печиво. Мешајте добро додека да добиете хомогена смеса.

Намастете го плехот (со средна величина) и наросете го со малку брашно, а вишокот истресете го. Излејте го во него претходно приготвеното тесто за колачот и рамномерно распоредете го. Ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути.

Потребни состојки за глазура: 300 мл млеко, 2 лажици какао, 1 лажица густин, 60 г шеќер, 50 мл масло, 100 г чоколадо.

Постапка за приготвување на глазурата: Во тенџере на рингла ставете ги млекото, шеќерот, маслото, густинот и какаото. Убаво измешајте ги сите состојки за да нема грутчиња.

Гответе на тивок оган со постојано мешање со жица-маталка додека преливот да почне да врие и малку да се згусне. Во добиената смеса додадете го и чоколадото искршено на коцки, па продолжете со мешање додека убаво сè да се соедини во течен и мазен прелив.

Печениот колач извадете го од рерна (претходно проверете со чепкалка дали е печен) и оставете го 2 минути да се подизлади. Потоа исечете го на коцки со големина по ваш избор. Избоцкајте го на повеќе места со дрвено стапче за ражнич, за подобро да ја впие глазурата.

На крај прелијте ја глазурата и оставете го колачот да се олади. Потоа можете да го послужите колачот. навистина е чоколаден сон. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.