Најбриот и највкусниот БУРЕК-ПИТА со готови кори…Повеќе не си го трошам времето на месење и тегнење…
Здраво пријатели, јас со години правам тесто од вода за тегнење кори, но верувајте, после овој рецепт се убедив дека попусто сум го трошела времето…
Се убедив дека и со готови кори може да се направи многу вкусна пита-бурек, дури и поубава од тесто.
Сите што ја пробаа си мислеа дека е од тегнети кори. Тајната е да не се притиска премногу и да остане растресито. Чашата што ја користев како мерка е од 200 мл. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 големи фило кори (1 заменува 3-4 обични кори)
За преливот:
1 чаша млеко (1 прст помалку)
1 чаша вода
1 чаша масло (1 прст помалку)
2 јајца
За фил:
300 г урда што не се топи.
1 рака сечкан магдонос
сол по вкус
За премачкување одозгора:
1 јајце
2 лажици масло
4 лажици од преливот
ПОСТАПКА:
Се соединуваат состојките за преливот. Плех со средна големина се обложува со хартија. Корите туткајте ги низ раце и потопувајте ги во преливот, па растресито редете ги во плехот.
Врз 1/3 кори распоредете 1/2 фил и продолжете ја постапката, па врз 2/3 кори повторно ставете фил и завршете со кори. Одозгора ставете рамна кора и премачкјате со завршниот прелив од јајце.
Оставете да одмори половина час за да можат корите да ја впијат течноста, па ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени околу 1 час или колку што е потребно за да зарумени.
Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: