Home предјадење МИМОЗА СОЛЕНА ТОРТА…Кремаста и неодоливо вкусна…Во слоеви од варени јајца, компир, бело...

МИМОЗА СОЛЕНА ТОРТА…Кремаста и неодоливо вкусна…Во слоеви од варени јајца, компир, бело месо…

МИМОЗА СОЛЕНА ТОРТА…Кремаста и неодоливо вкусна…Во слоеви од варени јајца, компир, бело месо…

Ако барате совршен рецепт за солена торта која е лесна, освежителна и кремаста, мимоза тортата е вистинскиот избор! Слоевите од сочно месо, зеленчук и кремаст фил ја прават неодолива. Таа е идеален избор за свечени пригоди или семејни собири.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (калап од 22 см):
Основни состојки:

300 г варено бело пилешко месо, ситно сечкано
3 големи моркови, варени и изрендани
3 големи компири, варени и изрендани
4 варени јајца (одделно изрендајте ги белките и жолчките)
3-4 кисели краставички, изрендани и добро исцедени
100 г рендан кашкавал

Фил:

300 г мајонез
200 г кисела павлака
сол и црн пипер по вкус

ПОСТАПКА:

Компирот наредете го на дното од обложениот капал, посолете и запиперете. Распоредете слој од филот. Потоа распоредете го морковот, па повторно фил.

Потоа распоредете го месото, па фил, па кисели краставички, па рендан кашкавал, па фил, па жолчки, па белки.

Оставете во фрижидер најмалку 2 часа пред послужување за да се спојат сите вкусови. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: