Метропол салатата е повкусна и подобра од сите други, совршен прилог на главното јадење, но може да се послужи и како предјадење. Има одличен вкус, брзо се приготвува, а најмногу време ќе ви одземе сечкањето на состојките. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г пилешка или некоја друга салама, 3 моркови, 4 компири, 4 јајца, половина праз, 180 г кисела павлака, 150 г мајонез, 1 кафена лажичка сенф, сол

ПОСТАПКА: Посебно сварете ги компирите, морковите и јајцата. Илупете ги и исчистете ги. Саламата по ваш избор ситно исечкајте ја на мали коцкички. Морковите, како и варените јајца исто така, исечкјате ги на коцкички (со иста големина како и саламата).

Сварените компири исечете ги на коцкички, но малку поголемки од другите. Празот исечкјате го поситно. Потоа сите состојки сишете ги во еден поголем сад во кој ќе можете да ги промешате.

Посолете по вкус и внимателно промешајте со две лажици за да не се растурат или нагмечат состојките. Во посебен сад сипете кисела павлака, мајонез и сенф, па промешајте за да се изедначат состојките.

Оваа мешавина сипете ја во салата и повторно лесно и внимателно промешајте за да се обложи секоја состојка. Оставете во фрижидер да се олади, па послужете. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Подобра салата во живот не сум јадел а готова е за само 10 минути“ – ОВДЕ.

Подобра салата во живот не сум јадел а готова е за само 10 минути