Овен
Вечен ерген! Тој неможе да го замиси својот живот само со една жена, особено не пред неговата 35-та година.
Се разбира, потоа може да зажали, но додека има доволно излегувања, пријатели и жени покрај него, не го барајте за свадба. Имајте на ум дека по природа имаат потреба од повеќе внимание и е малку веројатно да го добијат само од една жена.
Близнаци
Вистината за Близнаците е дека никогаш не можат да проценат дали партнерот до нив е нивната вистинска љубов.
Секогаш си мислат дека можат да откријат некоја посоодветна и затоа многу ретко нудат брак. Несигурноста им пречи и партнерките често не знаат колку време ќе бидат заедно и имаат ли иднина воопшто.
Јарец
Јарците тешко го разбираат значењето на бракот. За нив тоа е обврска што не можат да ја преземат, бидејќи не знаат како би го поминале својот живот само со една жена.
Не очекувајте предлог за брак, освен ако веќе не се “наживеал” и сака малку мир. Тоа зависи најмногу од неговата возраст, ако е премногу млад – не се надевајте.