Рецептот на чичко Стојан: Како го исфрлив каменот од бубрег за 21 ден

Моето име е Стојан. Мојот другар Зоран, ми се пожали дека има проблем со камен во бубрег и решив да му помогнам и да пронајдам решемие за неговиот проблем.

Распрашувајќи се по моите пријатели, дознав дека сопругата на Веле, исто така имала поголем калцификат во десниот бубрег и дека успеала за 21 ден да го исфрли!

Веле ми ја објасни постапката, мојот пријател Зоран се спаси, а рецептот го споделувам и понатаму со моите познаници кои имаат проблем.

Многу е едноставно, важно е само да се придржувате на она што ќе го напишам.

Како да се исфрли каменот од бубрег!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Интегрален овес

Вода

ПОСТАПКА:

Во тенџере ставете 800 милилитри вода, а во ладната вода ставете 7 супени лажици овес.

Кога водата со овесот ќе зоврие, тргнете од оган, ставете капак врз садот и оставете така да преноќи. Најдобро е да се подготви навечер.

Следното утро процедете ја содржината, ставете ја во шише или некој друг сад и пијте половина час пред секој оброк и тоа:

250 милилитри пред појадок

250 милилитри пред ручек

остатокот од течноста пред вечера

Ако некој ден пропуштите да го подготвите чајот, времето за терапијата ќе се продолжи за тој ден.

Доколку имате само песок во бубрезите, количината на чај треба двојно да се намали.

Во текот на терапијата, важно е да се храните со житарки, да го намалите внесот на месо и шеќер и да пиете многу вода! Мажите по 3.5 литри, жените минимум 2.5 литри вода.

Со пиењето поголема количина вода, можат да се загубат и килограмите. Особено е важно да се пие по половина литар вода наутро, кога ќе станете од спиење и по 2 чаши вода пред секој оброк.

Водата ги чисти бубрезите, но и целиот организам и помага при слабеење.

Loading...