Рецепт и фотографија на Драгана Ѓорѓевиќ. „Ова е намаз со лук. Макалото со лук е традиционално македонско јадење. Порано се подготвуваше во дрвен сад и долго време лукот се толчеше со дрвен толчник.

Сега се приготвува во блендер и вкусот не заостанува, верувајте ми на збор. Може да се јаде со скара, секакво месо, со топол леб, со тост леб, со ајвар, пинџур, со пржен зеленчук и со сè што ќе ви текне. Основните состојки се:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 големи главици лук, 30 мл оцет, 300 мл масло и 1 рамна лажичка сол

ПОСТАПКА: Исчистениот лук и оцетот ставете ги во блендер и почнете со сечкањето. Важно е маслото да се додава постепено, како кога се подготвува мајонез. Додајте сол.

На крајот од блендирањето се добива смеса слична на мајонез. Кога макалото е готово, можете да додадете сечкан лист од магдонос, крупно мелена пиперка, сечкани ореви, бадеми и сè што сакате од зачини.

Подготвеното макало затворете го во тегла и чувајте го во фрижидер. Вака подготвено може да стои долго време. Рецепт и фотографија на Драгана Ѓорѓевиќ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ОХРИДСКО МАКАЛО: Вкусно и незаменливо за љубителите на намазот од лук“ – ОВДЕ.

ОХРИДСКО МАКАЛО: Вкусно и незаменливо за љубителите на намазот од лук