Рецепт и фотографии на Марина Кнезевиќ. „Од кога го најдов овој рецепт, постојано правам чоколадни мафини според него, затоа што не ги сакам оние што се суви и се ронат.

Овие се убави и следниот ден (гризот е тој што ги држи сочни), за понатаму не знам, но ниеден друг рецепт не издржал толку долго како овој без да биде променет…“ Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 180 г брашно, 180 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 лажичка прашок за печиво, 20 г какао ВО ПРАВ, 20 г гриз, 150 мл млеко, 150 мл јогурт, 1 јајце, 50 мл масло, 100-150 г млечна чоколада

ПОСТАПКА: Најпрво млекото се загрева во мало тенџере, се додава гризот, се вари додека да се згусне. Во него додајте го јогуртот и измешајте со жица-маталка.

Останатите состојки може да се додаваат во истото тенџере (штом гризот се олади доволно за да не се свари јајцето кога ќе го ставите), но јас обично ги матам јајцето и шеќерот во посебен сад, па го додавам изладениот гриз со јогурт, па масло, па брашно, прашок за печиво и какао.

Сето тоа добро го матам рачно со жица-маталка, не треба миксер. На крајот додајте 100 г сечкана чоколада (или чоколадни капки) и измешајте со лажица/шпатула.

Се полнат намастени калапи за мафини или во хартиени корпички (побрзо и полесно е со специјална црпалка за топки сладолед). Смесата е точно доволна за 12 парчиња.

Одозгора украсете ги мафините со парчиња чоколадо (тоа се дополнителните 50 г), или по желба на сликата се прикажани неколку идеи. Се печат во загреана рерна 20-тина минути на 180 степени. Рецепт и фотографии на Марина Кнезевиќ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Најдобриот рецепт за чоколадни мафини: вкусни, меки и сочни и следниот ден“ – ОВДЕ.

Најдобриот рецепт за чоколадни мафини: вкусни, меки и сочни и следниот ден