Фото и рецепт: Маја

Одлична пита со едноставна подготовка.

Потребни состојки:

600 г брашно + уште малку за месење
3 јајца
250 мл ладна вода
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
10 г свеж квасец

за фил:

500 г овчо сирење
100 г растопен путер или маргарин

за полевање:

3 јајца
200 мл млеко
1 лажица шеќер

Постапка:

Во еден сад за месење ставете го издробениот квасец, сол и шеќер. Додавајте малку по малку вода и мешајте додека квасецот целосно да се растопи, па на крај се додава целата вода.

Јајцата се матат на страна и се ставаат во смесата. Потоа додаваме малку по малку брашно и мешаме додека да добиете лепливо тесто.

Тестото го ставаме на добро набрашнета површина (ако е потребно додаваме уште брашно) и месиме околу 5-6 минути додека да се добие мазно, еластично тесто.

Тестото се остава во намастен сад и се покрива со кујнска крпа да отстои 40 минути. Потоа се дели на 5 топки.

Секоја топка се развлекува во кора со дијаметар 25 см. Се премачкува со растопен путер и ставаме дробено сирење. Кората се витка како ролат.

Потоа ролатот малку го развлекуваме и сучиме како кога цедиме крпа.

Во намастена тава бр.30 ги редиме ролатите во спирална форма, започнувајќи од средината, правиме круг и таму каде што завршува една кора, ставаме друга и редиме така до крајот. Помеѓу корите оставаме малку простор, бидејќи тие ќе нараснат. Питата се остава покриена на топло место да отстои уште 15-20 минути.

Рерната загрејте на 180 степени, на страна пригответе го преливот. Јајцата изматете ги со виљушка или со жица. Додадете во нив млеко и шеќер, па добро се изматува и се прелива преку питата.

Се пече околу 40-45 минути, а кога е готова се покрива со крпа и се остава така да отстои 10-15 минути да подизлади.

Coolinarika.com