Речиси сите Балканци имаат навика со ручекот да си каснат по 1 или 2 , а некогаш и повеќе парчиња леб, особено ако се јаде со ајвар, некоја манџа или запршка, а највкусно е кога лебот е свежо печен и при секое кршење „се топи“ од мекоста, особено домашно приготвените лебови.

Во продолжение може да прочитате два рецепти за подготовка на домашен леб. Првиот рецепт е на мајка ми, вели каналот „Cookrate“, а вториот рецепт е од кујната на Сања Радосавлевиќ која го објави рецептот за мек, домашен, рустикален леб.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 375 мл топла вода, 7 г квасец, 480 г брашно, 10 г сол. Постапката е многу едноставна, лебот не бара макотрпно месење и целиот процес се одвива многу едноставно.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 500 г брашно, 500 мл млака вода, 8 г сув квасец, 1 1/2 лажичка сол, 1 лажица маслиново масло. Прекрасен, миризлив рустикален леб како од пекара е нашиот омилен леб, кората е крцкава, а внатрешноста е мека како памук.

За кратко време, на многу едноставен начин, секој може да го направи овој прекрасен миризлив леб. Најмногу уживам во правењето домашен леб, мајка ми ме учеше како дете и со текот на времето се подобрив во неговата подготовка.

ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Во еден подлабок стаклен сад ставете 375 мл млака вода (не треба да биде зовриена), може да биде и на собна температура. Во водата истресете 1 кесичка сув квасец (7 г) и фино измешајте со дрвена лажица додека квасецот да се раствори во водата.

Покријте го садот со кујнска, памучна крпа и оставете квасецот убаво да се раствори во водата, отприлика 15-тина минути. Во друг сад соединете 480 г брашно и 10 г сол. Во смесата од суви состојки, додајте ја водата и квасецот и фино мешајте додека да добиете мазно и меко тесто, кое не треба да се меси премногу.

Оставете тестото да надојде во садот околу 45 минути на топло место, а потоа во едно тенџере поставете хартија за печење и префрлете го тестото, па оставете да одмори уште 20 минути под капакот.

Тенџерето ставете го на рингла на ниска температура, да се готви 50 минути, потоа превртете го лебот на спротивната страна и печете под капак уште 20 минути. Пречникот на тенџерето е 22 см.

ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Во еден подлабок сад ставете 450 мл млака вода, а 50 мл измешајте ги со 1 лажичка сол. Во садот со повеќе вода, додајте 8 г сув квасец или половина коцка свеж квасец и 1 лажичка шеќер. Измешајте со дрвена лажица и оставете квасецот малку да надојде.

Во садот со 50 мл вода ставете 1 1/2 лажичка сол и зачувајте го настрана за подоцна. Во смесата со квасец, постепено додавајте вкупно 500 г брашно и мешајте го тестото со лажица додека да формирате тенко и ретко тесто, како за уштипци. Кога ќе ви биде полесно, преминете на месење на тестото со рака.

Замесеното тесто се остава под крпа околу 15 минути, па со мокри раце се размесува и по малку се додава од солената вода. Префрлувајте го тестото едно врз друго, како што е прикажано во видеото подолу. Тестото се остава да надојде уште 20 минути.

Во надојденото тесто се става 1 лажица маслиново масло и додека го месите тестото, наквасувајте ги рацете под вода. Потоа тестото се остава да надојде уште 20 минути, треба да биде како пена. Постапката се повторува вкупно 5 пати, додека последниот пат се префрла на рамна набрашнета површина и повторно се размесува со мокри раце.

Колку повеќе го превиткувате тестото, толку поубаво ќе излезе, меко како меурче. Формирајте го тестото по форма и големина по ваша желба, јас го формирав во круг, бидејќи го печев во таков сад (тенџере со капак).

На дното на тенџерето наросете пченкарно брашно, а тестото обвиткајте го со многу брашно по целата негова површина. Прво тенџерето се загрева во рерна на 240-250 степени, 15 минути, па внимателно се вади од рерна и тестото се става превртено во тенџерето (со горната страна кон дното).

Се пече на истата температура, 240-250 степени, околу 45 минути. Повремено проверувајте го лебот да не ви загори, а по потреба намалете ја температурата на рерната на 200 степени. Деталите од подготовка на првиот леб, погледнете ги во видеото ОВДЕ, а од вториот рецепт, постапката проследете ја во видеото ОВДЕ.