Здраво на сите, ајде денес да направиме нешто слатко. Ова е рецепт за колач кој не се пече и многу брзо се прави. Неверојатно е кремаст и вкусен и никој не може да му одолее. Кога добро ќе излади, секој залак е магија во вашата уста. Идеален е за сите видови прослави, а децата едноставно го обожаваат.

Потребни состојки:

2 кесички пудинг од ванила
4 лажици шеќер
500 мл млеко
2 ванилин шеќер
200 г кекси
100 г еурокрем + 2 лажици млеко
200 мл грчки (густ) јогурт
300 мл слатка павлака
100 г мелени лешници

за глазура:

200 г чоколадо
200 мл слатка павлака

Постапка:

Во еден сад ставете го прашокот од двата пудинзи, додадете 4 лажици шеќер и малку млеко одвоено од 500 мл. Разматете убаво да нема грутчиња.

Остатокот од млекото ставете го на оган, а кога ќе зоврие полека додадете го пудингот, намалете ја температурата и постојано мешајте додека да згусне кремот. Оставете го целосно да излади.

Биксвитите една по една кратко натопувајте ги во млеко и редете ги во плех од рерна (или калап каков имате).

Во микробранова печка или на пареа растопете го еурокремот со две лажици млеко, а потоа рамномерно нанесете го преку бисквитите. Врз слојот еурокрем повторно наредете бисквити претходно натопувани во малку млеко.

Во изладениот пудинг ставете две кесички ванилин шеќер и 200 мл грчки јогурт (или кисела павлака), па убаво изматете со миксер додека да се соединат состојките. Посебно изматете 300 мл слатка павлака, па и неа додадете ја во кремот. Соединете со миксер додека да се добие убав кремаст фил.

Лешниците малку испечете ги во рерна, изладете ги и излупете ги, па сомелете ги. Додадете ги во кремот и промешајте со шпатула или лажица. Добиениот фил нанесете го врз бисквитите и рамномерно распоредете го.

Глазура: на тивок оган растопете 200 г црно чоколадо искршено на коцки и прелиено со 200 мл слатка павлака (внимавајте да незоврие). Прелијте преку целиот колач и оставете го во фрижидер, најдобро преку целата ноќ. Деталите погледнете ги во видеото: