Тортата е толку кремаста што корите едвај се чувствуваат, а излегува доста голема, но брзо се јаде затоа што е поубава од било кое чоколадо.

Потребни состојки: 5 белки (големи јајца), 10 лажици шеќер во прав, 5 полни лажици мелени ореви (75 г), 2 полни лажици брашно (50 г) * ова се состојки за една кора, а потребно е да се испечат три. Што значи, состојките помножете ги со три.

За крем: 1 литар млеко, 15 жолчки, 10 лажици шеќер, 9 лажици брашно, 250 г шеќер во прав, 250 г путер/маргарин, 150 г мелени ореви, малку млеко за да се попарат оревите, 200 г чоколадо, 3 кесички шлаг крем од ванила, 200 мл млеко или газирана вода за шлаг крем

Постапка: Направете три кори од по 5 белки, 10 лажици шеќер во прав, 5 лажици ореви и 2 лажици брашно. Брашното и оревите измешајте ги, па полека и лесно со лажица промешајте ги во претходно изматениот снег од белки и шеќер.

Ставете да се пече во намастен и набрашнет плех од рерна (или обложен со хартија) на 180 степени околу 25 минути секоја кора посебно (рерната претходно загреана). Печените кори покријте ги со крпа додека го приготвувате кремот.

За крем: 7 жолчки измешајте ги со 10 лажици шеќер и 9 лажици брашно, па сварете ги исто како за пудинг во 1 литар млеко. Сварениот крем кога ќе се згусне тргнете го на страна да излади целосно.

Изматете 8 жолчки со 250 г шеќер во прав (сварете ги на пареа и оставете да изладат). Посебно изматете 250 г путер на собна температура, исечкан на листови, па постепено во него додадете ги изматените жолчки. Вака пенасто изработениот путер убаво изедначете го со изладениот крем.

(*Кремот оставете го малку во фрижидер да се стегне доколку не користите калап со обрач). Во 1/3 од филот додадете 150 г ореви, претходно попарени со малку млеко. Во преостанатите 2/3 фил додадете 200 г растопено чоколадо, на многу тивок оган.

Изматете 3 шлаг креми од ванила со млеко или газирана вода, па филувајте: кора, шлаг, црн фил, кора, шлаг, бел фил, кора, шлаг, црн фил. Нанесете шлаг и странично (јас ставам црн фил зошто најмногу го има).

Coolinarika.com