Сокот од киви е нешто што треба сите да го воведеме во секојдневното користење, бидејќи делува благотворно врз организмот и преполн е со разни здрави состојки.

Претставува одлично средство за оние кои имаат проблем со песок во бубрезите и жолчното кесе. Сокот од киви содржи голема количина на калиум и влакна, што е од голема важност за заштита од срцеви болести.

Зошто е добро да се пие сок од киви? Делува врз човековиот организам на следниот начин:

-ги чисти бубрезите, мочниот меур и жолчната кеса од песок и камчиња;
-спречува кардиоваскуларни болести;
-спречува појава на тромбови и згрутчување на крвта;

-намалува ризик од мозочен удар;
-ја штити виталноста на клетките;
-поволно влијае врз видот и спречува очни болести (катаракта, дивертикулоза, конјуктивитис…)
-го потикнува закрепнувањето на организмот;

-ја штити ДНК од штетното влијание на слободните радикали, но и од срцев инфаркт;
-прави детокс на организмот;
-го подобрува имунитетот;
-спречува формирање на масни наслаги;

-ублажува симптоми кај бронхитис, хронична кашлица и други белодробни болести, кај деца и кај возрасни (истражувањата покажале дека кај лицата со некаков облик на белодробна болест, доколку редовно консумираат свеж киви и сок од киви, доаѓа до зголемување на белодробниот капацитет за дури 32% и се намалува честотата на нагонот за кашлање за дури 27%);

-го отстранува целулитот;
-придонесува за здравје на кожата;
-делува врз способноста за памтење.

Треба да бидете внимателни со дневната количина на сок од киви. Не би требало да испиете повеќе од 1-2 чаши сок разблажени со вода, бидејќи може да доведе до алергија на киви.

СОК ОД КИВИ – РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

1,5 кг свеж излупен киви
500 г шеќер
1,5 литар вода

Постапка:

Излупете го кивито, исечкајте го, ставете го во блендер и сомелете го. Потоа процедете го низ цедалка за да се ослободи што повеќе сок. Водата ставете ја на оган, па кога ќе зоврие исклучете и оставете да излади.

Во процедениот сок од киви додадете ја преварената и изладена вода и 500 г шеќер. Мешајте околу 20 минути додека шеќерот целосно да се растопи (може да го ставите и во водата додека таа е топла, побрзо ќе се растопи и нема да морате подоцна толку да го мешате сокот).

Сокот складирајте го во стерилизирани стаклени шишиња и чувајте го во фрижидер. Пред употреба разблажете го со вода.

Напомена: Секогаш е најдобро да се јадат свежи плодови и свежо исцеден сок од киви, но вака приготвениот сок е еден начин тој да се конзервира за полесна и побрза консумација. Термички не се обрабоува, што значи дека сите хранливи состојки се сочувани.

Сокот или сирупот од киви содржи: витамин А, Б-комплекс, витамин Ц, Е, К, селен, калциум, калиум, фосфор, каротеноиди, железо, хлорофил, лутеин, јаглени хидрати, флавоноиди и поради тоа се препорачува да се користи во исхраната и на мали деца и за слабокрвни лица.