Ловоровиот лист на нашите простори е познат како исклучителен кулинарски зачин, кој ги збогатува оброците со својата препознатлива арома и пријатен вкус.
Дека ловорот е многу повеќе од тоа и дека носи многу други придобивки ќе ве убедиме во овој текст, во кој меѓу другото ќе ви дадеме рецепт за ловоров сируп, како и чај од ловоров лист против кашлица.
Ловоровиот лист уште многу одамна се користи како зачин, но и како лек, пред се поради неговото антисептично и антиинфламаторно дејство.
Богат е со витамини од групата Б (рибофлавин, пиридоксин, ниацин и пантотенска киселина) кои помагаат подобро да функционираат нервниот и мускулниот систем, позитивно влијаат на метаболизмот, хормоналниот статус, а ловорот содржи и бројни минерали: калиум, бакар, манган, калциум, селен, железо, магнезиум и цинк.
Чајот од ловор се користи за лекување на болести на органите за варење, анорексија, губење на апетит, дијабетес, кардиоваскуларни нарушувања, како и за дезинфекција на места каде престојувале заболени од вируси на грип, настинки и разни други микроби.
Има седативно дејство, па се користи и во случаи на неpвоза, напнатост и несоница, но доколку количината е прекумерна може да предизвика халуцинации.
Исто така, ловоровиот лист може да биде од голема помош во лекувањето на гихт и ревматизам, а етеричното масло од ловоров успешно се користи во лекувањето на болестите на лимфните јазли бидејќи го зголемува имунитетот и ако се втрие само неколку капки на пределот на лимфни жлезди, ќе ја ублажите непријатноста.
Ловоровото масло се користи и за инхалација при проблеми со респираторниот тракт, ја намалува непријатната честа кашлица, нè поттикнува на искашлување и исфрлање на слузта од белите дробови.
Во фитотерапијата се користат листови кои се берат кога се веќе целосно развиени, никогаш не се млади. Во козметиката, ловоровиот лист се покажа како одличен против првут и воопшто за нега на скалпот и е составен дел на многу креми и лосиони за нега на мрсна кожа и коса во форма на шампон.
ПРОТИВ КАШЛИЦА
Еве неколку интересни рецепти против силна и упорна кашлица:
– Ситно исечкајте три ловорови листови, покријте ги со 250 мл вода и варете десетина минути. Тргнете го од оган и оставете го поклопено уште десетина минути, кога треба да го процедите.
Во исцедениот чај додајте една лажица сок од лимон и две лажици домашен мед. Напитокот се пие два до три пати на ден во количина до 300 мл.
Вака приготвениот ловоров чај против кашлица се препорачува и за зајакнување на имунитетот кај грип, а најефективен е кај бронхитис и проблеми со дишните органи.
– За овие тегоби се препорачува и стар народен рецепт кој гласи вака:
Во сад ставете 1/2 литар вода и 150 грама шеќер, оставете да зоврие и додајте десет ловорови листови и варете ги следните 30 минути. После тоа, треба да го извадите ловоровиот лист од садот, а смесата истурете ја во соодветна чаша или тегла. Користете го слободно по потреба!
– Еве уште еден сируп против кашлица, кој ќе ве изненади со својот пријатен и благ вкус, што често не е случај со другите рецепти за оваа намена. Може да се пие одеднаш и со сладост, главна заслуга е ловоровиот лист кој е истовремено сладок и горчлив, додека лимонот му дава киселка арома…
Во соодветен сад зовријте вода, па кога ќе зоврие додајте ги ловоровите листови и варете на тивок оган поклопено 6 до 10 минути. Извадете ги ловоровите листови и истурете ја течноста во друг сад, додајте кафеав шеќер и исцедете го лимонот во него. Сега измешајте го сирупот од ловор и почекајте шеќерот добро да се раствори.
2-3 лажички дневно се сосема адекватна доза, која ќе биде сосема доволна за да се олесни непријатноста. Ловоровиот сируп чувајте го во фрижидер и така можете да го користите најмногу 3 дена, кога е препорачливо да направите нова тура.
Во случај на тешка настинка земете дополнително парче лимон и слободно џвакајте го во уста. Оваа комбинација ќе ја ублажи и непријатната сува кашлица.
Еве ги состојките:
– 6 ловорови листови
– 250 мл вода
– 6 лажици кафеав шеќер
– 1 лимон со средна големина
Во соодветен сад зовријте вода, па кога ќе зоврие додајте ги ловоровите листови и варете на тивок оган поклопено 6 до 10 минути.
Извадете ги ловоровите листови и истурете ја течноста во друг сад, додајте кафеав шеќер и исцедете го лимонот во него. Сега измешајте го сирупот од ловор и почекајте шеќерот добро да се раствори.
2-3 лажички дневно се сосема адекватна доза, која ќе биде сосема доволна за да се олесни непријатноста. Ловоровиот сируп чувајте го во фрижидер и така можете да го користите најмногу 3 дена, кога е препорачливо да направите нова тура.
Во случај на тешка настинка земете дополнително парче лимон и слободно џвакајте го во уста. Оваа комбинација ќе ја ублажи и непријатната сува кашлица.
ЗА ИСФРЛАЊЕ НА ВИШОКОТ СЛУЗ
Во следните неколку рецепти ќе ви откриеме дека ловоровиот лист е повеќенаменски и многу корисен за лекување на цела низа здравствени проблеми.
– Навечер земете една лажица ловорови листови (ситно исечкани), налејте 300 мл вода и варете во соодветен емајлиран сад, најмногу до 5 минути.
Ставете сè во термос и оставете го да отстои преку ноќ.
Наутро, исцедете ја течноста од термосот во друг сад и распределете го напитокот во текот на денот.
Пијте во мали голтки, никогаш не пијте ја целата количина одеднаш.
По седум дена, повторете го овој третман.
Ако се појави зачестено мокрење, не грижете се, бидејќи така треба. Добар знак е дека ловоровиот лист почнал да ви ги раствора солите, што може малку да го иритира мочниот меур.
Вистинските резултати од овој третман ќе бидат видливи дури по десет или повеќе дена, кога ќе се чувствувате многу полесни, а болките во зглобовите целосно ќе исчезнат…
ЛОВОРОВ ЛИСТ ЗА ПРОБЛЕМИ СО СТАПАЛАТА
Исечкајте 5 големи ловорови листови што е можно поситно и покријте ги со 96% алкохол (100 мл). Оставете го да отстои 7 дена, по што треба да го процедите.
Со смесата истријте ги проблематичните места (жyљеви, калуси), но откако темелно ќе ги покисните стапалата во 3 литри топла вода со лажица сода бикарбона). Избришете ги стапалата, намачкајте ги со смесата, облечете пократки памучни чорапи и легнете да преспиете.
КАКО СЕ ПРАВИ ТИНКТУРАТА ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ?
Свеж ловоров лист (30 г) исечкајте ситно и ставете го во стаклен сад и прелијте го со 300 мл домашна ракија (јака и над 60%). Добро затворете и чувајте десет дена на топло место, по што треба да се процеди.
Тинктурата од ловор е одлична за третман на исчашувања, воспаление на Ахиловата тетива, исчашување на зглобови, прекумерна мускулна напнатост, ревматизам, а ефикасна е и во случаи на целосна одземеност на екстремитетите…
НАПОМЕНА: Пред употреба советувајте се со вашиот лекар.