„Здраво, ентузијасти на здравиот начин на исхрана и живеење“, како и секојпат, така и денес д-р Марио Лабудовиќ ги поздрави своите бројни следбеници кои со нетрпение го очекуваат секој негов следен совет од областа на здравјето.

Овојпат тој откри некои природни лекови кои обезбедуваат здрав црн дроб и жолчен меур! „Откријте ги тајните за одржување на оптималната функција на црниот дроб и жолчното кесе со овие природни лекови“, рече докторот, и додаде: „Црниот дроб и жолчното кесе ќе ви благодарат!“

„Денес ќе препорачам извонредни природни начини за промовирање на здравјето на црниот дроб и жолчното кесе. А, ќе ви откијам и рецепт за напиток кој може многу да помогне…

Прочитајте: „Магарињата од него прдат, а луѓето оздравуваат – Магарешки трн против болести и лек за црн дроб“ОВДЕ.

Можете да очекувате да спречите создавање на камења во жолчката. Сепак, ова растение за кое сакам повеќе да објаснам, прави многу повеќе…

Црниот дроб, најголемиот внатрешен орган во човечкото тело, е дигестивен орган кој се наоѓа на горната десна страна на абдоменот.

Проблемот е што повеќето луѓе кои имаат заболен црн дроб не се свесни за тоа додека ситуацијата не стане критична, бидејќи самите симптоми на болеста често се слабо видливи…

Прочитајте: „Чај од бел трн за заштита и регенерација на црниот дроб“ОВДЕ.

Најчести болести се алкохолниот и безалкохолниот масен црн дроб. Кога овие болести не се лекуваат, преминуваат во фиброза на црниот дроб, цироза на црниот дроб и на крајот рак на црниот дроб…

Која е функцијата на црниот дроб? Пред сè, филтрирањето на крвта што доаѓа од дигестивниот тракт, учествува во складирањето на крвта, овозможува згрутчување на крвта и разградување на оштетените крвни зрнца за да може да се елиминираат.

Создава жолчен сок, односно црниот дроб помага во метаболизмот на протеините со менување на амино киселините за да можат да се користат за енергија или за производство на јаглени хидрати или масти.

Помага во транспорт на хранливите материи низ телото преку крвотокот и одржување на количината на хранливи материи во снабдувањето со крв на оптимално ниво.

Го отстранува токсичниот отпад што останува по разградувањето на храната/супстанцијата. Чува одредена количина на витамини и минерали. Управува со конверзијата на мастите од вашата исхрана и произведува триглицериди и холестерол…

Ги зема јаглехидратите што ги консумирате и ги претвора во гликоза, форма на енергија, која се складира за подоцнежна употреба. Црниот дроб исто така е тесно поврзан со други органи како што се жолчното кесе, желудникот и слезината…

Најдобрата билка за црниот дроб и жолчниот меур е МАГАРЕШКИОТ ТРН. Што е магарешки или млечен трн?

Понекогаш познат како Мариев трн или светиот трн, а научно како Silybum marianum, млечниот трн е цветно растение кое потекнува од медитеранскиот регион.

Растението е именувано по млечно белата течност во стеблата, која понекогаш е видлива како бели вени на листовите.

Можете да консумирате семе, лисја, корен, млади стебла и цвет од млечен трн за здравствени придобивки. И можете да го купите растението како капсула или течен додаток, или како чај.

Екстрактот од млечен трн се нарекува силимарин и содржи неколку компоненти, вклучувајќи ги силикристин, силидијанин и силибин (исто така наречени силибинин), кои се флавонолигнани.

Силибинот е најчестиот и најкорисен од компонентите, кој сочинува околу 50 до 70 проценти од силимаринот.

Кај пациентите со дисфункција на црниот дроб, силимаринот останува во крвта подолго и во концентрации три до пет пати повисоки од концентрацијата кај здравите луѓе.

Зошто заболува црниот дроб? Пред сè, тоа се должи на лошата исхрана, пиењето големи количини на лекови, прекумерната количина на стрес, прекумерната телесна тежина… и многу други работи кои ги предизвикуваат овие болести.

Млечниот трн се бори против повредите на црниот дроб поврзани со токсините. Над 80 отсто од црниот дроб се состои од клетки познати како хепатоцити. Силимаринот спречува токсичните соединенија да навлезат во овие клетки, заштитувајќи ги.

Силимаринот ја успорува и спречува инфекцијата со тоа што го спречува навлегувањето на вируси, фузија и синтеза на РНК и протеини.

Силимаринот даден интравенски (во вена) може да заштити од ширење на вирусот, а третманот добро се поднесува без несакани ефекти. Со други зборови, може да го запре ширењето и растот на штетните организми како што се вирусите.

Кај луѓе со тешки заболувања на црниот дроб, терапијата со силимарин го нормализирала нивото на билирубин, жолчен пигмент кој се наоѓа во крвта. Силимаринот, исто така, промовира нормално ниво на одредени ензими на црниот дроб.

Силимариумот го зголемува нивото на глутатион! Глутатионот или GSH е познат како супер антиоксиданс во телото.

Глутатионот се врзува за токсините во телото. Тој ефикасно ги прави токсините неактивни – и телото може полесно да ги транспортира преку урината или столицата.

Млечниот трн промовира здраво слабеење. Има антиканцерогено дејство. Го контролира нивото на шеќер во крвта…Може да помогне во намалувањето на високиот холестерол.

Тоа е корисно за здравјето на срцето и помага во намалување на високиот холестерол со намалување на воспалението, чистење на крвта и спречување на оштетување на оксидативниот стрес во артериите.

Спречува жолчни камења и го успорува процесот на страеење…

Млечниот трн може да има интеракција со алкохол, антиинфламаторни лекови, антиретровирусни, естроген, лекови за плодност, лекови против анксиозност и производи кои се користат за срцето, желудникот или цревата.

За дополнителни информации и упатства за тоа дали млечниот трн е вистинскиот за вас, ве молиме контактирајте со вашиот лекар.

Додека клиничките студии тестирале доза помеѓу 210 mg и 2100 mg на ден, сепак типичната и препорачана порција на млечен трн е 420 mg.

Билниот екстракт од млечен трн се нарекува силимарин, а главната компонента на силимаринот е силибин. Млечниот трн обезбедува одличен, научно добро документиран начин за поддршка на црниот дроб и жолчното кесе.

Исто така, ќе ви препорачам редовно да користите куркума, зелен чај мача, печурки реиши. Ова се еден од најсилните природни начини за лекување на заболен црн дроб…И секако, треба секојдневно да користите природни пробиотици…

Како да направите совршен напиток за здравје на црниот дроб и жолчното кесе

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл кефир/јогурт, 1 1 мала лажичка прав од млечен трн, 1 мала лажичка прав од реиши печурки, 1/2 мала лажичка куркума во прав, прстофат црн пипер во прав, 1 мала лажичка мед манука

ПОСТАПКА: Сè заедно ставете во блендер, измешајте и пијте еднаш дневно, во период од 3-4 недели по ред, а потоа направете пауза од една недела.

Луѓето кои имаат тешки хронични заболувања или земаат лекови не треба да ги користат овие лекови. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар и следете ги неговите препораки.

За сите останати практикувајте диета наречена „интермитентен пост“ и земајте природни лекови, а црниот дроб и жолчното кесе ќе ви бидат во одлична состојба. Видеопрезентацијата на д-р Марио погледнете ја ОВДЕ.